Во пожарот на Кипар изгореле 1,3 отсто од површината на островот

July 28, 2025
1 min read

Во големиот пожарот од минатата седмица што избувна северно од градот Лимасол на Кипар, изгорената површина е околу 1,3 отсто од површината на островот, покажуваат резултатите од анализата на кипарскиот Центар за извонредност „Ератостенис“, јави дописничката на МИА од Атина.

Процената се базира на добиените сателитски податоци, според кои во пожарот на 23 јули изгореле 120,7 квадратни километри.

– Земајќи предвид дека вкупната површина на Кипар е 9.251 квадратни километри, изгорената површина одговара на приближно 1,3 отсто од површината на островот, што е особено значаен процент со оглед на тоа што е резултат на само еден шумски пожар. Оваа загуба влијае не само на биодиверзитетот и природното наследство во областа, туку и на локалните заедници и екосистеми, за кои ќе бидат потребни децении за да закрепнат, соопштија од кипарскиот центар.

Дополнително, процените се дека од вкупната изгорена површина, околу 51 отсто се тревни површини; 31 процент се грмушки, 15,5 отсто шума, а 1,1 процент е површина на населено место.

Пожарот што беше активен речиси два дена, беше еден од најголемите на Кипар, животот го загубија две лица, двајца беа сериозно повредени, а предизвикана беше и голема материјална штета.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Први во регионот потпишавме Партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ – и тоа не е симболика, туку конкретна поддршка

Следно

Арсовска: прашајте ги Борко и МОК каде се парите за младинската олимпијада

Latest from Blog

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим

Меџити: Албанците сакаат моќ што одлучува – таа сила е ВЛЕН

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, преку емотивна и силна порака објави дека започнува ново политичко поглавје за Албанците во Македонија, најавувајќи обединување во една политичка сила под името „ВЛЕН“.

Проданоски: Првиот хард ендуро полигон во државата носи нови можности за Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека „Топташ Родео 2026“ повторно покажало дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани. Според него, Топташ и

Коњановски: Континуираното образование е темел на квалитетна ветеринарна услуга

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, кој се одржа на Ветеринарниот факултет Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во
Go toTop