Во Перу запленети 2,3 тони кокаин кој бил спакуван како керамички плочки

March 28, 2023
1 min read

Дрогата, чија вредност е проценета на најмалку 20 милиони долари, била запленета во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима, а крајната дестинација била Турција. Полицијата објави дека ова е првиот евидентиран случај во кој дрогата од Перуанскиот залив требало да пристигне во Турција

Перуанските власти соопштија дека заплениле 2,3 тони кокаин кој бил спакуван така, за да изгледа како стотици керамички плочки. Дрогата, чија вредност е проценета на најмалку 20 милиони долари, била запленета во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима.

Крајната дестинација на пратката била Турција.

На прес-конференција во понеделникот, полицијата го покажа кокаинот, кој налик на керамички плочки бил спакуван во дрвени кутии за транспорт.

Претставник на полицијата објави дека ова е првиот евидентиран случај во кој дрогата од Перуанскиот залив требало да пристигне во Турција.

„Вообичаено, внимаваме на пратките што одат со брод во Белгија, Холандија, Шпанија и Франција“,

изјави претставник на полицијата.

Според Обединетите нации, Перу и Колумбија се меѓу водечките светски производители на кокаин и на листот кока од кој се прави оваа дрога. Според перуанските власти, посевите со листови кока во Перу се зголемени речиси шесткратно за две години.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Полска ќе го интензивира производството на муниција за Украина

Следно

Русија: Планот на Ерменија да му се придружи на Меѓународниот кривичен суд е апсолутно неприфатлив

Latest from Blog

КУРИР, НетПрес и Република биле шпионски обработувани од тајната полиција на АНБ

Аферата со прислушување која ја тресе Македонија веќе пет дена, добива се поголем замав. Најновите информации, засега се уште неофицијални, а до кои дојде НетПрес, велат дека таргет за обработка на тајната

Го славиме светиот апостол Тадеј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 август. Светиот апостол Тадеј Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј којшто беше од Дванаесеттемина апостоли. Свети Тадеј прво го виде и го

Изменет сообраќааен режим на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните

Над илјада загинати и само еден преживеан во огромно свлечиште во Судан

5 Во оддалечениот регион на планините Мара, во западен Судан, најмалку илјада луѓе загинаа во огромно свлечиште, соопшти бунтовничката група Движење за ослободување на Судан/Армија (The Sudan Liberation Movement/Army). Според нив, обилните
Go toTop