Во Париз состанок на државните лидери посветен на поддршката на Украина и постигнување праведен и траен мир

March 27, 2025
1 min read

Паралелно со американско, руско-украинските преговори во Саудиска Арабаија, францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги собра во Париз европските лидери заедно со Украина за да се промовира како што велат „Коалиција на подготвени“ која ќе застане зад Украина во време кога американската подршка за Киев е нејасна.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на самитот изјави дека ЕУ работи на зајакнување на безбедноста на Украина, но и на Европа во целина.

„Зајакнувањето на Украина да се брани е почетната точка. Потребен ни е и заеднички и долгорочен план. Ова е нашиот план за Подготвеност 2030 година“, напиша таа на профилот на Икс.

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп пред денешниот состанок во Париз за Украина, соопшти француското претседателство. Прашањето за испраќање западни мировници на украинска територија во случај на прекин на огнот со Русија ќе биде во фокусот на самитот анализираат дел од медиумите. За време на вчерашната посета на Јамајка американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека по состанокот во Саудиска Арабија САД ќе ги проценат барањата на Русија за прекин на огнот во Црното Море.

Изјава Марко Рубио, Државен секретар на САД – Американските власти ќе работат за „поцелосно да разберат каква е руската позиција или што сакаат за возврат, а потоа тоа ќе му го претставиме на претседателот Трамп“ и ќе биде донесена одлука за следниот чекор. 

Самитот во Париз доаѓа по низата состаноци одржани во последните недели со цел да се воспостават безбедносни гаранции за Киев како дел од можниот иден мировен договор со Русија, што се обидуваат да го постигнат САД, предводени од Доналд Трамп.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наоди од контролите на јавните објекти

Следно

Криумчари криеле мигранти во отворениот товарен простор на пикап возила и нелегално ги пренесувале во Грција

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop