Во октомври турскиот парламент ќе одлучува за влез на Шведска во НАТО

July 12, 2023
1 min read

Ердоган рече дека очекува Шведска да преземе конкретни чекори против тероризмот во согласност со нивниот договор, додавајќи дека Стокхолм ќе поддржи и измена на царинскиот договор на Турција со Европската Унија, како и безвизен режим

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ќе ја проследи ратификацијата на кандидатурата на Шведска за НАТО до парламентот наесен по завршувањето на летниот одмор, додавајќи дека очекува Стокхолм да преземе некои чекори против тероризмот во замена за ратификација.

Анкара со месеци ја одложуваше ратификацијата, обвинувајќи ја Шведска дека прави премалку против луѓето што ги смета за терористи, од кои повеќето се членови на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК). Но, во неочекуван пресврт, Ердоган во понеделникот се согласи да го проследи барањето за прием на Шведска во НАТО до парламентот.

Летниот одмор во турскиот парламент започнува на крајот на неделата, а повторно ќе се состане во октомври.

„Кога повторно ќе се отвори, верувам дека нашиот претседател на парламентот ќе го стави ова на гласање помеѓу меѓународните договори. Примарното место на одобрување е парламентот, а потоа ќе дојде кај мене на одобрување. Сакаме овој процес да заврши што е можно поскоро“,

рече Ердоган на прес-конференција по самитот на НАТО во Вилнус.

Ердоган рече дека очекува Шведска да преземе конкретни чекори против тероризмот во согласност со нивниот договор, додавајќи дека Стокхолм ќе поддржи и измена на царинскиот договор на Турција со Европската Унија, како и безвизен режим.

Исто така, висок функционер ви изјава за Ројтерс рекол дека владата на Ердоган ќе разговара со својот националистички сојузник во парламентот за ратификување на пристапот на Шведска во НАТО, откако се чини дека Партијата за националистичко движење (МХП) зазеде негативен став по ова прашање.

Лидерот на МХП Девлет Бахчели вчера изјави дека Шведска не успеала да се огради од тероризмот, но додаде дека Ердоган ќе ја донесе конечната одлука за шведската кандидатура.

Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган без МХП го нема парламентарното мнозинство потребно за ратификација. Останатите партии во парламентот не кажаа дали ќе ја поддржат ратификацијата.

Фото: EPA-EFE/TIM IRELAND

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Највозрасниот фудбалер во светот, Миура, ќе игра и следната сезона

Следно

Тешка сообраќајка на „Гологанов“, сообраќајот се пренасочува по околните улици

Latest from Blog

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за
Go toTop