Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава

April 26, 2025
1 min read

Во вториот по големина град во Србија, денеска ќе се одржи протест на средношколците против онлајн наставата. Ним им се придружија од синоќа нивни врсници од неколку градови во државата кои пристигнаа пеш или на велосипеди, јави дописникот на МИА од Белград. 

Неколку илјади средношколци од цела Србија се собраа синоќа пред железничката станица во Нови Сад, каде што им оддадоа почит на жртвите кои загинаа на тоа место на 1 ноември лани откако се урна бетонска настрешница. 
Протестот „Онлајн не е решение“  почнува денеска во 11:52 часот и ќе трае до полноќ.На протестот ќе зборуваат средношколци од неколку градови, а на учениците ќе им се обратат и професори. 

На протестот дојдоа средношколци од Белград, Зрењанин, Суботица, Шабац, Обреновац, Ужице, Ваљево, Лозница, Чачак, Горњи Милановац, Пожаревац, Бајина Башта и други градови. Според организаторите, се очекуваат над 1.000 средношколвци од различни делови на земјата. Најголемата група, од околу 650 кандидати, пристигна синоќа од Белград.
„Да покажеме со пример за што се бориме овој пат“, рекоа средношколците од Нови Сад, поканувајќи ги сите да им се придружат на 26 април.

Средношколците од Нови Сад ги пречекаа своите врсници со извици на поддршка, а од Белград пристигнаа последни, по што синоќа имаше огномет.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ОК Струмица победи на првиот финален меч во ОК Штип

Следно

Изложба и промоција на монографија за македонското културно наследство во Тирана

Latest from Blog

Божиновска најавува сигурна и стабилна грејна сезона

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ја истакна важноста на навремена координација и ефикасна соработка меѓу институциите за обезбедување стабилно снабдување со топлина и електрична енергија оваа зима.

Седница на Советот за безбедност на ОН поради упадот на руските дронови во Полска

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане денес на разговори за упадите со беспилотни летала во полскиот воздушен простор, што полскиот претседател Карол Навроцки го опиша како обид на Русија

ВРЕДИ: Крај на системот што ги штител злоупотребите – време е за одговорност

Коалицијата ВРЕДИ реагира на, како што велат, долготрајната пракса на корупција и злоупотреби, нагласувајќи дека „време е украдениот имот да се врати кај граѓаните“. Во денешното соопштение тие најавија конкретни институционални мерки

Западен Балкан со огромен потенцијал за пумпни хидроцентрали – Македонија не смее да заостане

Во Париз неделава беше лансиран „Парискиот завет“ — иницијатива на IHA и Eurelectric што ја обединува европската хидроиндустрија околу една цел: пумпните хидроцентрали (PSH) да станат „’рбетот“ на европската електрична мрежа, каде
Go toTop