Во недела во La Noi се пазари единствено преку Wolt

March 3, 2026
2 mins read

Од маалски маркет до дигитален фаворит на скопјани, или како La Noi го задржа својот препознатлив карактер и со Wolt го прошири својот дофат до потрошувачи надвор од неговата непосредната локација, покажувајќи како дигиталните платформи можат да отворат нови можности за раст на малите, семејни бизниси во Македонија.

Ова е приказна за тоа како технологијата може да помогне да се надминат просторните ограничувања во еден секојдневен трговски бизнис, низ искуството на основачот и сопственичка на La Noi, Марија Тасиќ. Во период кога малите маркети најчесто се фокусираат како да ги задржат локалните купувачи, Тасиќ заедно со своето семејство развива концепт што ги спојува маалската продавница, внимателно селектирана понуда и дигитална продажба преку технолошки иновативната платформа за достава на Wolt. Нивниот пример покажува дека локалниот маркет може да го задржи својот препознатлив карактер, а истовремено да го прошири својот дофат и надвор од непосредната локација. Преку Wolt, La Noi веќе не е ограничен на купувачите кои поминуваат низ маалото, сега услужува потрошувачи низ цело Скопје, со што го зголемува потенцијалот за продажба и ја зајакнува отпорноста на бизнисот.

Сместен спроти Машинскиот и Технолошкиот факултет во Скопје, La Noi е мал маркет со специфичен модел на работење. Името „La Noi“, кое на влашки значи „кај нас“, упатува на концепт заснован на блискост со купувачите и препознатлива услуга. Но, зад тој локален карактер стои и јасно организиран оперативен модел. Особено е видлив во недела, кога маркетот не работи за физички посетители.

 

„Недела работиме само онлајн, исклучиво за Wolt“, објаснува Марија, основач и сопственик на бизнисот. Оваа стратешка одлука го трансформира „La Noi“ во еден од најуспешните партнери на платформата, каде неделата е резервирана за големите семејни набавки кои стигнуваат до прагот на купувачите низ цело Скопје. Наместо да затвори еден ден во неделата, продавницата ја претвора неделата во еден од најсилните продажни денови, кога генерира дополнителен приход, а истовремено ги оптимизира оперативните трошоци.

„Може да се рече дека развиваме еден ‘хибриден концепт’ и тоа е една од работите која нѐ издвојува од други маркети. На простор од 150 квадрати, ‘La Noi’ нуди внимателно избрани ‘топ селери’ од врвни брендови, но и раритети кои тешко се наоѓаат во големите трговски ланци. Со сопругот сме своевидни  „ловци на ретки производи“, а со тоа и големи поддржувачи на мали локални бизниси. Затоа кај нас може да најдете и производи кои може да ги има на само уште друго место“, вели Марија.

La Noi е семеен бизнис што во 2020 година, во периодот на ковид-пандемијата заедно го основаат Марија Тасиќ и нејзиниот сопруг со повеќе од 30 години искуство во трговија. Од почетокот им се придружува и најстарата ќерка, но подоцна поддршка добиваат и од своите две помали деца. Марија, која по професија е маркетер, го гради концептот со јасен фокус на искуството на купувачот, а паралелно ја внесува и својата долгогодишна пасија кон слаткарството и пекарството.

Резултатот е импресивен: денес, куририте на Wolt влегуваат во маркетот на секои три до четири минути. Додека најголемата нарачка што досега ја добиле преку платформата е со околу 237 производи од речиси 4 000 производи колку што се понуди на платформата.

Најголемиот предизвик за Марија бил како да го пренесе гостопримството, по кое се познати меѓу соседите, затоа што е и продавницата каде може и да ве почестат  кафе. Решението го препознале во малите гестови. Секоја ќеса што заминува со курир често содржи рачно напишано куса порака или мал подарок.

„Сакаме луѓето да нè препознаат иако можеби никогаш не стапнале во нашиот дуќан. Имаме редовни купувачи на Wolt со месеци, со кои веќе се чувствуваме блиски“, вели Марија. Дигиталниот дофат, разбрале дека не значи губење на личниот допир, туку негово проширување.

Не смее да се заборави нивниот „Snack Corner“. Свежо печениот леб, за кој доаѓаат купувачи од сите страни на Скопје и е меѓу најбараните артикли на Wolt. Лебот се пакува со посебна заштита, во две ќесички, за да стигне тазе и недопрен до домовите.

„Работата е колку ќе се посветиш и колку сакаш да се вложиш за твојот бизнис да успее“, заклучува таа.

Во светот на „La Noi“, тој влог е целото семејство, а резултатот е маркет со душа кој неделата ја претвори во празник за онлајн купувачите и силен пример како локалните бизниси во Скопје можат да растат преку дигиталната трговија, а притоа да останат длабоко вкоренети во својата заедница.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов повик за компании: Ваучери до 28.000 денари за инвертер клими за ранливи категории

Следно

Флик пред вечерашниот реванш против Атлетико: „Веруваме дека можеме до подвиг!“

Latest from Blog

Индонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанот

Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан

Ќерката на жената која прегази куче од Улцињ тврди: Шарпланинецот го распарчи нашето куче и нè нападна

Ќерката на жената од Македонија која беше уапсена во Улцињ, откако со автомобил прегази куче, тврди дека шарпланинецот најпрво го нападнал и усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на

Инфатино испратил писмо до Аргентина

gianni_infantino x Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му честиташе на првиот човек на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапија, за настапот на тимот на големиот турнир, иако „гаучосите“ останаа без трофеј во финалниот

Американците запреа танкер во Оманскиот залив по предупредување од Британците

Предупредувањето е издадено врз основа на дојава дека танкер и воени сили биле вклучени во инцидентот. Речиси истовремено, Асошиејтед Прес објави дека Американската централна команда (CENTCOM) го онеспособила моторниот танкер „Лавин“, кој

Кражба “тешка“ 5 милиони евра во електровлечната подстаница Драчево

Кражба тешка пет милиони евра се случила во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, соопштуваат од министерствто за транспорт.. Оттаму велат дека при кражбата е предизвикано целосно уништување
Go toTop