Во нападите на Израел во Појасот Газа загинаа 31.184 Палестинци

March 12, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 72 Палестинци загинаа, а 129 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа, пренесува Анадолу.

Ашраф ал-Кудра, портпарол на палестинското Министерство за здравство во Газа, даде информации за израелските напади врз Појасот Газа во текот на 158. ден.

Напоменувајќи дека израелските сили во изминатите 24 часа убиле уште 72 Палестинци во Појасот Газа, Ал-Кудра рече дека бројот на убиени достигнал 31.184.

Како што соопшти, уште 129 Палестинци се ранети во израелските напади во последните 24 часа, со што вкупниот број на повредени Палестинци од 7 октомври минатата година се зголемил на 72.889.

Истакнувајќи дека 72 отсто од Палестинците убиени од израелската војска се жени и деца, Ал-Кудра рече дека од глад и жед починале 27 лица.

Тој нагласи дека под урнатините и покрај патиштата има уште загинати, но поради препреките на израелските сили, медицинските екипи и припадниците за цивилна заштита не можат да стигнат до телата.

По тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република на 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било дејства поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Но нападите продолжија со ненамалено темпо, а испораката на помош и понатаму е недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Флекс кредит лансира нов кредитен производ со 0% камата на 2 рати!

Следно

Руски воен авион се урна кај Иваново

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop