Во напад на израелски дрон на Западниот Брег убиени 4 Палестинци

July 3, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Во напад на израелски дрон во текот на ноќта убиени се четворица Палестинци во бегалскиот камп Нур Шамс, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.

Министерството за здравство ги идентификуваше убиените Палестинци како Јазид Саад Адел Шафе (22), Немер Анвар Ахмад Хамаршех (25), Мухамед Јасир Раџа Шахаде (20) и Мухамед Хасан Ганем Кнох (22).

Палестинската државна новинска агенција Вафа јави дека се слушнала огромна експлозија низ градот Тулкарем, каде што се наоѓа бегалскиот камп, од проектилот на дронот што како цел го имал средишниот дел на кампот.

Националните и исламските фракции во Тулкарем жалат за „загинатите од бегалскиот камп Нур Шамс“ и прогласија генерален штрајк во Тулкарем за денес, додаде Вафа.

Одделно, шест Палестинци, меѓу кои тројца застрелани со боева муниција, се повредени во градот Беита, јужно од Наблус, во судирите со израелските сили и еврејските доселеници кои често вршат напади во градот.

Во текот на изминатите неколку години, израелската војска спроведуваше редовни рации на Западниот Брег, кои ескалираа со почетокот на војната во Газа минатиот 7 октомври. Палестинците, исто така, се насилно напаѓани и од илегалните еврејски доселеници.

Оттогаш најмалку 560 Палестинци, од кои 136 деца, се убиени, а речиси 5.300 се повредени од оган на израелската војска на окупираната територија, според Министерството за здравство.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине воената операција во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицотакис: До крајот на 2025 година во Атина ќе сообраќаат 900 нови електрични автобуси

Следно

Ердоган: Длабоко загрижувачка е израелската ескалирачка реторика и нападите на Либан

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop