Во Лондон сè поголем бројот на бездомници

August 4, 2023
3 mins read

ЛОНДОН (АА) – Улицата „Оксфорд“ отсекогаш била една од најпознатите знаменитости во Лондон, синоним за луксузот и начинот на живот во британската престолнина, пишува Анадолу.

Денес, сепак, нуди застрашувачка слика од кризата со рапидно растечки размери во Велика Британија – бездомништвото.

Секоја вечер голем број бездомници се засолнуваат пред вратите на десетиците продавници на најпрометната комерцијална улица во Европа, лежат на импровизирани душеци и користат картонски кутии или колички за пазарење за да создадат одредена приватност.

Исти слики може да се видат и во парковите и напуштените згради низ Лондон, а најновите податоци покажуваат дека зголемените трошоци за живот и недостигот на станови со достапни цени принудиле илјадници луѓе да останат на улица во главниот град.

Во периодот од април до јуни оваа година во Лондон на улица спиеле најмалку 3.272 луѓе, што е скок од 9 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат бројките од базата на податоци Комбинирана мрежа за бездомници и информации (CHAIN).

Меѓу нив 1.614 биле луѓе што првпат спиеле на улица, што е за 12 отсто повеќе од минатата година и речиси половина од целата годинашна бројка.

Овој скок, според CHAIN, првенствено се должи на зголемените животни трошоци и недостигот на домови за нивно прифаќање.

Лондонски совети, меѓупартиска група што претставува 32 општини во главниот град и корпорацијата „Градот Лондон“, ја нарече растечката криза на бездомници „станбена катастрофа“.

Нејзиното истражување покажува дека приближно еден од 50 лондонци сега е бездомник и живее во хостели или друго привремено сместување.

Организацијата проценува дека во моментов бројката изнесува речиси 170.000 и вклучува 83.500 деца, што значи „во просек најмалку едно дете во секоја училница во Лондон е бездомник“.

– „Само сакам да му помогнам на моето семејство“ –

Анализата на податоците на CHAIN покажува дека над 48 отсто од бездомниците во Лондон се државјани на Велика Британија, додека луѓето од европските земји сочинуваат речиси 30 отсто од бројката во периодот од април до јуни.

Помеѓу десетиците луѓе што живеат на улицата „Оксфорд“ е Ливиу Равеика, 26-годишен маж од Романија, земја од каде што се најголем дел од лондонските бездомници од редот на европските земји.

Тој пристигнал во Велика Британија пред помалку од две недели со големи надежи дека ќе најде работа, и дека нема друг избор освен да спие на улица.

„Како да ги платам сметките и киријата? Просам затоа што ми требаат пари за храна“, изјави за Анадолу Равеика, татко на две деца.

Тој рече дека има уште најмалку 50 до 60 Романци кои спијат на улицата „Оксфорд“, а многу повеќе во другите делови на Лондон и Велика Британија.

„Овој живот не е лесен. Не сакам да останам вака, туку само сакам да му помогнам на моето семејство, да ги донесам тука и овде да им обезбедам друг живот“, рече тој, нагласувајќи дека со неколкудневна работа во Велика Британија тој заработува колку што би заработил за еден месец во Романија.

Равеика и другите бездомници што спијат на улица мора секој ден да го расчистат местото до зори.

Поголем дел од денот го поминува во кафулето „Старбакс“, кое е во близина, каде што го полни телефонот и се јавува обидувајќи се да најде работа.

„Понекогаш, одам во Падингтон и плаќам 7 фунти за едно туширање“, рече тој.

– Криза со менталното здравје –

Податоците на CHAIN, исто така, даваат увид и во потребите за поддршка на илјадниците што живеат на улиците на Лондон, покажувајќи дека речиси половина, 49 отсто, од нив имале потреба од помош за менталното здравје.

За Томи, 60-годишен бездомник, Ирец кој се опиша себеси како „дел од изгубената генерација“, менталната здравствена заштита е „огромен, огромен проблем“.

„Многу млади луѓе, особено оние што доаѓаат од сиромашни и нестабилни домаќинства, не се способни да се справат со стресот и анксиозноста на животот денес“, изјави тој за Анадолу.

„Тие не можат да се грижат за себе во современиот свет, овој таканаречен модерен свет“, рече Томи, кој го кажа само своето име.

Тој ги обвини политиките на владата на конзервативците за зголемениот број бездомници, доведувајќи ја во прашање нивната искреност во решавањето на спиралниот проблем.

За време на пандемијата на КОВИД-19 властите ги преместија сите бездомници во хотели затоа што „мораа да направат да изгледа дека на луѓето не им е дозволено да бидат на улица“, рече тој.

„Зошто не можат постојано да го прават тоа? Ако тогаш можеа толку лесно да го направат тоа, зошто не можат постојано да го прават тоа?“, додаде.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Канцерогена супстанца откриена во чипс од Србија, АХВ проверува дали производот е и на македонскиот пазар

Следно

ОТКРИЕНО Е ИМЕТО НА КАНЦЕРОГЕНИОТ ЧИПС ОД СРБИЈА Сте грицкале ли некогаш ваков чачански чипс со вкус на пиперка?

Latest from Blog

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси
Go toTop