Во Косово од јануари годинава имало 38 напади врз новинари, вели новинарската асоцијација

September 24, 2024
1 min read

Од јануари до септември оваа година во Косово се регистрирани 38 напади врз новинари, додека 2023 година Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) ја смета за година со најмногу напади врз медиумски работници – вкупно 74, јави дописникот на МИА од Приштина.

На презентацијата на годишниот извештај „Показатели за нивото на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите“ и „Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан“, извршната директорка на АГК, истражувачката Гетоарба Мулиќи, рече дека сексуалното вознемирување е уште еден предизвик за новинарите во Косово.

Како посебен проблем Мулиќи го издвои ризикот со кој новинарите се соочуваат при известувањето од северот на земјата, населен со мнозинско српско население.

„Во споредба со 2022 година, кога беа пријавени вкупно 33 случаи, бројот на напади врз новинари во 2023 година е зголемен за 41, што ја прави година со најголем број на повреди на слободата на медиумите и напади врз новинари. Новинарите кои известуваат од северните општини се соочуваат со закани по нивните животи, вербални и физички напади, како и оштетување на лична и професионална сопственост.

Во извештајот, назначувањето на директорот на јавната радио и телевизија РТК, Рилинд Грвала, се смета за политичко, поради неговата блискост со владејачката партија Движење Самопределување на премиерот Албин Курти.

„Згора на сé, и именувањето на директор на првиот канал на јавниот сервис на Косово се смета за политичко поради поврзаноста на Грвала со владејачката партија“, рече Муриќи.

Правниот експерт Или Зекај додаде дека и покрај тоа што АГК има континуирани состаноци со Судскиот и Обвинителскиот совет, сè уште нема поделба на предметите по професија, а тоа, според него, им нанесува штета на новинарите.

Истражителката Леонита Морина истакна дека една од главните пречки на кои наидуваат новинарите во текот на нивната работа се стратешките тужби против учеството на јавноста. Во однос на овој проблем, иако нема точни податоци за тужбите, АГК има создадено база на податоци, во која се евидентирани над 35 случаи.

Покрај нападите и заканите, друг предизвик за косовските новинари и другите медиумски работници, според Асоцијацијата на новинари на Косово, се нивните неповолни договори и ниските плати.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мемов од ЗНАМ именуван за нов директор на ПИОМ

Следно

До викендов летни температури, од понеделник есенско заладување

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop