Во Каиро започна Самитот на соседните земји на Судан, разурнат од судири

July 13, 2023
1 min read

КАИРО (АА) – Денес во главниот град на Египет, Каиро, започна Самитот на соседните земји на Судан, разурнат од судири за да помогнат во решавањето на тековната суданска криза што избувна во средината на април, јавува Анадолу.

На отворањето на сесијата египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси рече дека Самитот се одржува во „историски момент“, апелирајќи да запрат сите воени операции во Судан, според египетскиот весник „Јум7“.

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека на Самитот учествуваат „врвни функционери“, но не ги прецизираше нивните имиња или бројот на земји што присуствуваат.

Судански дипломатски извори, сепак, за Анадолу изјавија дека на Самитот присуствуваат Ал-Сиси, етиопскиот премиер Абиј Ахмед и претседателот на Јужен Судан, Салва Кир.

Изворот, кој побара да остане анонимен, додаде дека на Самитот присуствуваат и претседателот на Еритреја, Исаиас Афверки, преодниот претседател на Чад, Махамат Идрис Деби, претседателот на Претседателскиот совет на Либија, Мохамед Менфи, и претседателот на Централноафриканската Република, Фаустин-Арчанџ Туадера,.

Судан е опустошен од судири меѓу армијата и РСФ од април, во конфликт во кој загинаа речиси 3.000 цивили, а илјадници се повредени, објавија локалните медицински лица.

Неколку договори за прекин на огнот со посредство на саудиски и американски посредници меѓу завојуваните ривали не успеаја да стават крај на насилството во земјата.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) проценува дека речиси три милиони луѓе се раселени поради актуелниот конфликт во Судан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски во Куќата на Робевци

Следно

Интер сака да го затвори трансефрот со Онана до утре, Манчестер јунајтед ќе плати околу 55 милиони евра за голманот

Latest from Blog

Бројот на заболени со ебола во Конго надмина 12.000- починале над 5.900 луѓе

Епидемијата, предизвикана од реткиот сој на вирусот ебола Бундибугио, беше прогласена кон средината на мај во североисточната покраина Итури и оттогаш се прошири во осум од 26-те покраини во земјата, објави Ројтерс.

Најнизок раст на населението во Велика Британија од 1983 година поради падот на миграцијата

Растот на населението во Велика Британија речиси целосно запре поради континуираното и значително намалување на меѓународната миграција – покажуваат најновите податоци на Канцеларијата за национална статистика (ОНС). Според прелиминарните податоци на ОНС,
Go toTop