Во израелски напади во Газа убиени уште 16 Палестинци, од кои 6 деца

March 22, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 16 Палестинци, меѓу кои шест деца, се убиени денес во израелските воздушни напади врз северните и централните делови на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Здравствени претставници за Анадолу потврдија дека децата заедно со тројца Палестинци биле убиени при бомбардирање на домот на семејството Машарави во населбата Ал-Туфа, во источниот дел на градот Газа.

Според медицински извори, уште двајца Палестинци се убиени во друг израелски воздушен напад, чија цел било подрачјето Ал-Маграка во центарот на Газа.

Овие напади се дел од тековната израелска офанзива која се интензивираше во последните денови.

Во меѓувреме, уште еден израелски воздушен напад е извршен врз западна Рафа во јужниот дел на Газа. Првичните извештаи не потврдија жртви од овој напад, јави дописникот на Анадолу.

Медицински извор од Баптистичката болница во градот Газа за Анадолу изјави дека тела на пет Палестинци и голем број ранети лица биле донесени во болницата по израелските артилериски и воздушни напади врз населбата Зејтун во источниот дел на градот Газа, како и градовите Бејт Лахија и Ум ал-Наср.

Претходно во текот на денот, силни израелски бомбардирања таргетираа домови и земјоделски површини во градот Газа.

Над 700 Палестинци се убиени, а повеќе од 900 се повредени во израелските воздушни напади врз Газа од вторникот, со што е прекршен договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што беше на сила од јануари.

Од октомври 2023 година, речиси 50.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 112.000 се повредени во израелските напади врз Газа.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Солзи и болка и во Солун – 60 минути молк за Кочани на плоштадот „Аристотел“

Следно

Милевски: Најважно ни беше да победиме

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop