Во израелски напад ранет камерманот на АА, загинаа неговите мајка, татко и браќата

1 min read

ГАЗА (АА) – Во нападите на Израел на Појасот Газа е ранет камерманот на Агенција Анадолу (АА), Мунтасир ес-Саваф, кој работи како фриленсер. Во истиот напад животот го загубија неговите татко и мајка, известува Анадолу.

Роднините на камерманот информираа дека израелски авиони вчера ја нападнале семејната куќа на семејството Саваф, која се наоѓа во источниот дел на градот Газа.

Во израелското бомбардираше смртно настрадале 30 членови на семејството Саваф, вклучувајќи го и таткото на камерманот на АА, Мустафа ес-Саваф, кој бил писател-истражувач, потоа неговата мајка, неговите два помлади браќа и нивните деца.

Камерманот Мунтасир ес-Саваф е ранет во пределот на лицето и се здобил со телесни повреди опасни по живот.

Израелските воени авиони ја бомбардирале и куќата на дописникот на АА, АБу Кумсан, кој работи како фриленсер, сместена во бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа.

Голем број членови на семејството Кумсан загинаа во ова бомбардирање, а точни податоци за бројката на загинати не е позната поради потешкотиите во комуникацијата со северните делови на Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Турските државјани евакуирани од Газа влегоа во Египет

Следно

,,Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам” проект на Рудник САСА, Општина М.Каменица и МВР за поголема безбедност во сообраќајот

Latest from Blog

КАРЛЕУША ОВА НЕ ГО ОБЈАВУВА НА ИНСТАГРАМ: Пејачката уловена од туристи на плажа во Дубаи, минијатурната танга не и заврши работа да покрие тоа што требаше (ФОТО)

Јелена изгледаше многу задоволно, а нејзиниот изглед предизвика воздишки кај многумина. Во бикини кое го открива