Во изминатото деноноќие 51 пожар на отворен постор, осум се активни, седум под контрола и 36 изгаснати

July 28, 2025
1 min read

Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во  текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се активни, седум се под контрола и  36 се изгаснати.

Како што утрово објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација; во прилепското село Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (општина Новаци) и крак кон границата со Грција (мешана шума); активен пожар има помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен во општина Прилеп и Галиште, Трстеник во општина Кавадарци (мешана шума и нискостеблеста вегетација); помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа во општина Македонски Брод (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).

Активни се и пожарите помеѓу селата Церово и Групчин во општина Желино (нискостеблеста и деградирана шума); во селото Нерав во општина Крива Паланка (висока борова шума); во кичевското село Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума) и во селото Ќосевица во општина Македонска Каменица (борова шума).

ЦУК извесува за седум пожари кои се под контрола: во селата Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце во општините Старо Нагоричане и Куманово – со ширење кон селата Димонце и Коњух во општина Кратово (ниска вегетација); селата Средно и Долно Коњаре во општина Петровец (мешана шума); во истата општина под контрола е и пожарот во Катланово (ниска вегетација); село Грешница
во Македонски Брод (мешана шума и сува трева) и село Латово, исто така во општина Македонски Брод  (ниска вегетација и деградирана шума); помеѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип (нискостеблеста шума, прнар и сува трева) и во село Јунузлија во општина Карбинци (шума).

Изгаснати се 36 пожари во села и локации во општините Шуто Оризари, Арачиново, Сарај, Зелениково, Битола, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Струмица, Василево, Гевгелија, Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Велес, Свети Николе, Пробиштип, Куманово, Липково, Брвеница, Боговиње, Гостивар и  Врапчиште.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер

Следно

Претседателот на Кипар се извини за несоодветниот одговор на државата за пожарите во Лимасол

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop