Во Грција регистрирани вкупно 100 случаи на вирусот Западен Нил, од кои 24 во изминатата седмица

August 22, 2024
1 min read

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 24 нови случаи на вирусот Западен Нил, како и три увезени случаи од Албанија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, додека пак починале две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 100, а регистрирани се вкупно 12 смртни случаи на возраст меѓу 61 и 92 години.

Потврдени случаи на вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, има речиси во цела Грција, во северниот, западниот и централниот дел на земјата, во Епир и Јонските острови, на Пелопонез, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пајазит Пајазити ја оцрни судската фела во целост, молкот на Судскиот совет е само доказ зошто треба да биде реформиран 

Следно

Мицкоски: Започна изградба на нова спортска сала, ќе продолжиме да градиме и во иднина, тоа го очекуваат граѓаните од нас

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop