Во ЕУ за првпат се произведувало повеќе енергија од Сонце отколку од јаглен

January 23, 2025
1 min read

Производството на електрична енергија од соларни системи во Европската Унија во 2024 година за првпат го надмина количеството струја произведено во термоцентралите на јаглен, покажува извештајот на тинк-тенкот „Ембер“.

Според извештајот, соларната енергија сочинувала 11% од вкупното производство на електрична енергија во ЕУ во 2024 година, додека уделот на јагленот паднал под 10% за првпат во повеќе децении. За споредба, во 2023 година соларната енергија учествуваше со 9,3% од енергетскиот микс на ЕУ.

Истовремено, производството на електрична енергија од ветер останало речиси непроменето, додека производството од гасни централи се намалило, достигнувајќи удел од 15,7% во вкупното производство.

Овие промени се дел од стратегијата на ЕУ за декарбонизација и намалување на енергетската зависност од трети земји, особено од Русија. Крис Рослоу, раководител на истражувањето, посочува дека 2024 година бележи историски најнизок степен на употреба на фосилни горива за производство на струја во ЕУ.

Иако соларната енергија бележи значителен раст, Рослоу предупредува дека производствените капацитети за ветерна енергија лани се намалиле во споредба со 2023 година. „Ветерот и сончевата енергија се комплементарни, бидејќи произведуваат струја во различни периоди од денот и годината. Намалувањето на ветерната енергија не може целосно да се надомести со растот на соларната“, истакнува тој.

Една од позитивните вести во извештајот е порастот на побарувачката на електрична енергија во ЕУ за првпат по две години. И покрај тоа, потрошувачката сè уште е за 5% помала отколку во 2019 година.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: СДС и Филипче се нервозни, фирма блиска до нив не го добила тендерот за обезбедување, кој до лани го добивала по цена за половина милион поскапо од сега

Следно

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна
Go toTop