ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

January 23, 2025
1 min read

Лас Вегас, Невада – Јануари 2025 – ATS Group ја претстави земјата на SHOT Show 2025, најпрестижниот саем за професионалци од областа на одбрана и огнено оружје. SHOT Show е водечки настан од затворен тип, каде може да се погледнат најсовремени иновации во воена опрема, и поставува нови стандарди во индустријата. Организиран од светската Трговска асоцијација за огнено оружје (NSSF), секоја година привлекува над 2.400 изложувачи од повеќе од 100 земји ширум светот.

На овогодишниот настан, ATS Group настапи со проширено портфолио, вклучувајќи маневарска и муниција со челично јадро, современа мешавина на барут со супериорни перформанси и композитен балистички текстил, што во моментов го произведува само една фабрика во Европа. Компанијата го нагласи и значајното зголемување на производството на каписли, клучна компонента која се соочува со сериозен недостиг на глобално ниво. Дополнително, ATS Group најави дека започнува со сериско производство на артилериска муниција во 2025 година, а наскоро се очекува и производство на воени дронови.

Трите фабрики на ATS групацијата (технологија, муниција и балистика), неодамна добија нов член на семејството (фабрика за балистички текстил). Посветени на постојан раст и иновации, ATS Group го дизајнира, произведува и прилагодува сопствениот машиниски парк, со цел да го зголеми производството во пократки временски рокови и успешно да одговори на зголемената побарувачка. Компанијата неодамна инвестираше дополнителни 60 милиони евра во целосен редизајн и дигитализација на капацитетите, воведувајќи напредни паметни сензори и системи за предвидливо одржување, за оптимизација на процесите.

Во рамки на стратегијата за раст, ATS Group инвестира во ултрамодерна фабрика за муниција во Тексас (САД), истовремено проширувајќи го своето глобално присуство со отворање на претставништво во Лондон и наскоро отворање на канцеларии на повеќе стратешки локации низ Европа, а најави и проширување со нови фабрики на други континенти.

Светот се соочува со недостиг на воен арсенал и зголемени буџети за одбрана. Мала земја како нашата успева да се натпреварува со најголемите играчи во индустријата, преку пласман на исклучително дефицитарни производи и инвестиции во хибридна технологија.“ изјави Шевшет Демировски – Сопственик на ATS Group. „Како еден од главните столбови на македонската економија, оспособуваме нови генерации на иноватори што ќе ја креираат иднината, и не застануваме тука. Нашата адреса е секаде каде што е потрошувачот.“ 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во ЕУ за првпат се произведувало повеќе енергија од Сонце отколку од јаглен

Следно

Анализа: Осаменоста на непостоечката вашингтонска „негатива“ на СДСМ и истрошените медиумски апологети

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop