Во денешниот земјотрес во Турција загина најмалку едно лице, а се урнаа речиси 30 згради

February 27, 2023
1 min read

Денешниот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи три недели од првичниот земјотрес со јачина од 7,8 степени кој ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, а во кој загинаа над 50 000 луѓе

Во земјотресот што денеска ја потресе југоисточна Турција загина најмалкку едно лице, а 110 се повредени, соопштија турските власти, пренесе Ројтерс. Во потресот се урнаа и 29 згради.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека земјотресот што ја погоди југоисточната провинција Малатија бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а на длабочина од пет километри.

Денешниот земјотрес се случи три недели од првичниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала кој ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари.

Директорот на Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби во Турција, Орхан Татар изјави дека во изминатите три недели овој регион бил погоден од 45 последователни потреси со јачина меѓу пет и шест степени.

Како последица на разорниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари загинаа над 50 000 луѓе.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драма на Бит Пазар: Нападната скопјанка поради недоразбирање во сообраќајот

Следно

Турскиот претседател се извини поради доцнењето на помошта по земјотресот

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop