Во Делчево одржан академски час за загинатите во несреќата во Кочани

March 19, 2025
1 min read

На мирен собир, во рамки на академски час, учениците и вработените во Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ Делчево им оддадоа почит на загинатите во несреќата во дискотеката во Кочани.

Ученичката Сара Ангелова пред присутните ученици истакна дека не е време да се биде генерал, туку е потсетник дека никој не знае што ќе се случи утре.

-Денешниот академски час за покажување сочувствителни и тажни чувства го започнуваме со порака дека не е време да бидеме генерали. Нема да должам освен да кажам дека сум свесна дека нашите мисли се испреплавени со разни чувства на тага, болга, гнев… Вечерта на несреќата додека многумина ги пееле песните на својот омилен бенд, за само миг се претвориле во лелеци на последни зборови. Ова е потсетник дека не знаеме што ќе се случи утре, не знаеме која ќе биде нашата приказна, а ова не сигурно не беше приказна, ова беше трагедија, истакна Ангелова.

Таа додаде дека ова е трагедија во која се изгасија недогорени свеќи, животни ѕвезди, соништа, академци, родители, млади луѓе, деца, но пред се луѓе.

Пред присутните неколку ученички прочитаа пораки за сочувство, а потоа беше оддадено и едноминутно молчење во чест на сите прерано згаснати животи.

За денес е закажана и седница на Советот на Општина Делчево со единствена точка на дневен ред посветена на загинатите во трагичниот настан во Кочани.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Болна објава на Марија која ја загуби сестрата во пожарот во Кочани: Оваа болка не се издржува, извини што не можев да те спасам

Следно

Таравари: Ќе има санкции ако се утврди лекарски пропуст во случајот со починатиот пациент во Куманово

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop