Во Чаир се гради дивоградба во доцните часови – Ганиу: Гарантирам дека нема да дозволиме, ќе покренеме кривична пријава

October 4, 2023
1 min read

реклама

Откако ТВ21 објави за неовластено градење на објект во Чаир, градоначалникот во нашето студио информираше во детали. Според него, инвеститорот е непознат и скришно се прават напори таму да се подигне нова зграда.

„Прв пат кога отидовме, поради тоа што почнало да се гради во доцните часови навечер и добивме информации од граѓаните, еднаш сме се обиделе со инспекторатот да излеземе на терен и кога отидовме таму видовме луѓе како работат и се обиделе да ги убедат инспекторите дека имаат дозвола. Уште еднаш ќе потврдам дека немаат дозвола“, вели Висар Ганиу.

реклама

Ганиу еднаш ја запрал изградбата, но откако наша екипа беше повторно, утврдивме дека изградбата продолжува.

„На сите граѓани им гарантирам дека овде, освен што има детален план, нема колективни туку индивидуални објекти, не може да се гради на оваа парцела. Од друга страна, и јас ви благодарам како медиум, иако секојдневно набљудувавме, следејќи ја состојбата во овој објект. Но, вчера видовме дека некои работници повторно почнале да работат внатре. Денеска секторот за урбанистичкото планирање одржа состанок, одлучено е кој и да работи таму, но и било која фирма што ќе се појави таму, дури и да не се појави сопственикот, да поднесеме кривична пријава против оние кои ќе да бидат фатени таму. Таму е дивоградба, немаат одобрение за градба и гарантирам дека ништо нема да се гради“, порача Висар Ганиу.

реклама

Случајот е пријавен и во полиција, а од таму велат дека констатирале дека правното лице што ги врши работите има градежни дозволи.

По излегување на полициски службеници од ПС Бит Пазар на посочената локација утврдено е дека правниот субјект кој извршувал градежни работи ги поседува сите дозволи за градба“, велат од МВР

реклама

Инаку,  објектот почна да се гради пред еден месец, а најмногу се пожалија стари лица кои живеат во домот за стари лица. Тие се револтирани затоа што се гради толку блиску и нема да имаат светло.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: ЕУ треба да покаже почит за отстапките кои ги направивме и волја Македонија да ја види како земја членка на ЕУ

Следно

Демократско движење: ДУИ е ортак на бизнисот со казина

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop