Во Берово утрово најстудено, -7 степени, дневната температура во земјава денеска од 7 до 14 степени

December 31, 2024
1 min read

Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени седум степени под нулата.

Како што соопшти УХМР, минусни температури во 8.30 часот се измерени и во Битола -5,  -4 степени во  Струмица, Тетово, Скопје-Петровец и Демир Капија, -3 во Кавадарци, Штип, Прилеп и Велес, -2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови и Крива Паланка, -1 во Охрид и Претор.

На Попова Шапка и во Гевгелија 1 степен и  2 степена утрово се измерени во Крушево.

Снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка во 7 часот била 49 сантиметри, и на Попова Шапка со 47 сантиметри.

Утрово времето е сончево со појава на слаба магла во делови од регионот на Скопје и во долниот тек на Повардарието.

Според прогнозата на УХМР, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските невладини организации ќе одржат голем собир за солидарност со Газа на Нова година

Следно

Ким во писмо до Путин вети дополнително зајакнување на врските со Русија

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop