Во Берово утрово минус шест степени, во Охрид четири степени

November 7, 2024
1 min read

 Најстудено утрово е во Берово каде се измерени шест степени под нулата. Следат Битола со -3, -2 во Струмица, -1 Демир Капија, Тетово, Скопје-Петровец, Лазарополе и во Крива Паланка, 0 во Маврови Анови, Штип, Прилеп и Велес, 1 степен во Кавадарци, Попова Шапка и Скопје-Зајчев Рид, 2 Претор, Гевгелија, 3 Виница, Крушево и 4 степени Целзиусови во Охрид, соопшти УХМР.

Времето утрово студено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје утрово со услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конор Мекгрегор обвинет за силување

Следно

Бајден брза да испрати помош за Украина пред инаугурацијата на Трамп

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop