Во Берово најстудено, температура под нулата

October 2, 2024
1 min read

Најстудено утрово е во Берово, минус четири степени, и само таму температурата е под нулата.

Според УХМР,  1 степен е измерен во  Лазарополе, 2 во Крива Паланка, Битола и Струмица, 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Тетово, Штип и Демир Капија, 4 во Прилеп, Куманово, Велес и Маврови Анови, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци и Дебар, 6 степени во Охрид, Претор, Крушево и Попова Шапка и 8 степени во Гевгелија.

-Времето изутринава е сончево и студено. Наместа дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.

Максималната температура денеска ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер.

Максималната температура ќе достигне 25 степени.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Макрон го осуди нападот на Иран врз Израел

Следно

ЕСМ пак купува струја – За месец ипол потрошиле над 10 милиони евра

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop