Во Белград свечено отворен македонскиот Културно-информативен центар

May 17, 2025
2 mins read

Во Белград вчеравечер свечено беше отворен Македонскиот културно-информативен центар, во присуство на македонскиот и српскиот министер за култура, Зоран Љутков и Никола Селаковиќ.

На отворањето свое обраќање имаа директорот на нашиот КИЦ во Белград Васко Шутаров, македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчески, српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, македонскиот министер за култура и туризам Зоран Љутков и потпретседателот на македонската влада Иван Стоиљковиќ.

– Ништо не спојува како што спојува културата. Таа спојува ненаметливо затоа што носи емоции…Овој културен центар ќе биде мост за поврзување на двете блиски држави и култури. Со спогодбата за формирање два културни центра во Скопје и во Белград, веќе влеговме во историјата. Се надевам дека и Србија ќе отвори свој КИЦ во Скопје и во тој случај ќе имаме поголема динамика на култиуран размена меѓу двете држави, нагласи директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров.- Кога го потпишувавме договорот во Скопје беше јасно дека правиме нешто што се подразбира, но и нешто што е исклучително. Кога две земји толку меѓусебно упатени и поврзани на сите нивоа во сите домени, тогаш културата има високо место. Бидејќи низ приказната што ја раскажува за другиот, прави со нашите пријатели, нашите браќа, и сами себе многу подобро да се запознаеме. Во двете култури постои посебна поврзаност…Во нашите очи цела Македонија во својата култура е една голема охридска легенда. За културите кои растат од близок корен, заедничка историја во насока на заедничка иднина,  задача на центарот е многу повеќе отколку да ја претстави културата. Оваа установа ќе има голем одговорност –  да придонесе нашите култури да продолжат заедно да живеат и да се поттикнуваат една со друга и сигурен сум дека ќе успее. Ова место мора да сјае со македонско сонце во Белград, во улицата Македонска, потенцира српскиот министер за култура Селаковиќ.

Македонскиот министер за култура, Зоран Љутков нагласи дека КИЦ во Белград претставува порака – културата да биде водич, а пријателството наша сила.

-Отворањето на македонски Културен центар е порака и сведоштво дека културата ги поврзува не само државите туку и многу повеќе луѓето. Овој центар ни отвора нова страница во соработката меѓу двете држави, испишува страници со доверба, заеднички врендости искрена волја за културан размена. Во исто време овој КИЦ ќе биде и духовен центар на македонската заедница во Србија. Место каде ќе се негува сопстевниот идентитет. Нека културата биде наш водич, а пријателството – наша сила. 
– Овој КИЦ во Белград треба да биде мост на зближување на двете држави.Очекувањата се големи.Не беше лесно да се стигне до ова отворање,  честитки за директорот Васко Шутаров кој посветено и самопрегорно заедно со Министерството за култура успеавме заеднички да стигнеме до оваа фаза. Овој КИЦ за мене е екстензија на дипломатските односи. Стануваме конјуктурни со нашите замисли и цели, а целите на овој КИЦ се културата, традицијата, уметноста. Културата е во сите нас она што треба да го направиме е да дадеме поттик да се верификуваат ионака добрите меѓусебните односи на двете држави и истовремено ова да претставува и место за афирмирање на македонскат самобитност, нагласи македонскиот амбасадор во Белград Никола Тупанчевски.

– Овој КИЦ  е доказ дека политиката не треба да ги отежнува односите и функционирањето на двете држави, туку напротив – треба да биде отворен и да поттикнува. Со ваквите проекти во иднина ќе можеме на некој начин и во Белград и во Скопје да се претстват двете култури на начин кој не е како во јавните медиуми туку како една подлабок пристап во односите меѓу двете држави, рече потпретседателот на македонската Влада, Иван Стоилковиќ.  Пригодната програма на отворањето беше насловена „Ајде, слушај, слушај…” при што настапија Зарина Првасевда, и специјалниот гостин Васил Хаџиманов.

Во македонскиот КИЦ во Белград беше поставена и ретроспективна изложба на 25 ликовни уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС).

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ние нема да молчиме“ порачаа седум европски земји за израелските напади врз Газа

Следно

Србија се задолжува со 1,9 милијарди евра за купување 12 авиона „Рафал“

Latest from Blog

Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!

ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/ Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите. И тоа

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето
Go toTop