Во Белфаст почнува самит за Западен Балкан

October 9, 2025
1 min read

Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ќе биде домаќин на европските сојузници кои ќе разговараат за криминалот поврзан со миграции и безбедност во Западен Балкан, додека британската влада бара начини да го ограничи порастот на илегалните премини со мали чамци преку Ламанш.

Како што пренесе ДПА, Велика Британија ќе вети финансиска поддршка за зајакнување на граничната безбедност и обуката на безбедносните сили во Косово, како и помош за зајакнување на кибер одбраната против закани од руско мешање во регионот.

Британската министерката ќе се сретне со партнери од Албанија, Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, како и со европски сојузници од Франција, Германија и Италија.

Средбата ќе се одржи во замокот Хилсборо, познат како место каде што е потпишан Белфастскиот (Договорот од Велики Петок). Таму, Купер ќе објави 4 милиони фунти (околу 5,3 милиони долари) за борба против руските закани насочени кон „дестабилизација на регионот“ и „разгорување на етнички тензии“, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Пред состанокот, Купер ќе најави и инвестиција од 10 милиони фунти за програми насочени кон спречување на шверцувањето луѓе во Западен Балкан и други клучни региони.

Во исто време, дел од персоналот на Министерството за надворешни работи ќе биде пренасочен за да се фокусира повеќе на прашањата за миграција, вклучувајќи преговори со други земји за враќање на лица кои немаат право да останат во Велика Британија.

Западен Балкан претставува клучна транзитна рута за мигранти кои патуваат кон Европската унија и Велика Британија. Минатата година биле регистрирани околу 22.000 нелегални премини на границата, според британското Министерство за надворешни работи.

– Од заеднички интерес е да ја заштитиме безбедноста и стабилноста на Западен Балкан. Мораме да бидеме свесни за сите закани со кои се соочуваат нашите партнери, од руските напори да ги оживеат етничките тензии, до одвратните банди за шверцување луѓе кои тргуваат со човечки животи, изјави Купер.

– Меѓународната соработка е клучна за да го поттикнеме економскиот раст, да ја зајакнеме нашата национална безбедност и да ги обезбедиме границите. Партнерствата што ги градиме во странство нè прават посилни дома, додаде таа.

– Поддршката што им ја даваме на нашите партнери на Западен Балкан во борбата против шверцувањето луѓе директно ќе влијае на синџирите на снабдување и профитите на организираните криминални мрежи, намалувајќи ја заканата што тие ја претставуваат за Велика Британија, рече шефицата на британската дипломатија.

Ова се случува во момент кога британската влада се соочува со зголемен број мигранти што ја преминуваат Ла Манш со мали чамци, чиј број достигна 34.401 оваа година, што би можело да биде највисок број досега, според податоци од Министерството за внатрешни работи.

Спогодбата „еден внатре, еден надвор“, постигната со Франција претходно оваа година, досега овозможила враќање на 18 лица кои ја поминале опасната маршрута.

Состанокот на министрите за надворешни работи во Белфаст е дел од претседавањето на Велика Британија со Берлинскиот процес во 2025 година. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски: „Заборавени места повеќе нема да има во Пробиштип“

Следно

Божиновска најави законска заштита за уникатниот македонски рубин

Latest from Blog

ЦЕНТКОМ: Американските сили погодија повеќе од 90 воени цели на иранскиот остров Харг

Според ЦЕНТКОМ, успешно се погодени повеќе од 90 воени цели на иранскиот остров Харг. Претходно, иранската новинска агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, објави дека во текот на американските напади врз

Новиот Заев на Вован и Лексус е Пахлави

Руските мајтапџии го насамарија Реза Пахлави кој е изгорен на бел коњ да се врати во земјата од која во 1979 година избега неговиот татко. Му се претставиле како советници на Фридрих

Се помалку бебиња во ЕУ, а и во Македонија е исто: Ќе си бараме ли чаре или ќе чекаме решение од Брисел, како и за се друго?

Бројот на новородени бебиња во Европа драматично опаѓа, а демографските трендови покажуваат дека денес се раѓаат речиси двојно помалку деца отколку пред шест децении. Според најновите податоци, во ЕУ во 2024 година

Супер вест за Ханси Флик и Барселона!

ФОТО: FC Barselona/FB Супер вест за Ханси Флик и за сите во Барселона. Пабло Паес Гавира, попознат во светот на фудбалот како Гави, конечно ја доби долгоочекувана медицинска дозвола за враќање на
Go toTop