ЦЕНТКОМ: Американските сили погодија повеќе од 90 воени цели на иранскиот остров Харг

March 14, 2026
1 min read

Според ЦЕНТКОМ, успешно се погодени повеќе од 90 воени цели на иранскиот остров Харг.

Претходно, иранската новинска агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, објави дека во текот на американските напади врз островот Харг се слушнале повеќе од 15 експлозии.

Според Фарс мета на нападите не била нафтената инфраструктура, туку биле бомбардирани противвоздушната одбрана, поморската база, контролната кула на аеродромот и хангар за хеликоптери.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп на „Трут соушл“ објави дека американската армија само што извршила еден од најмоќните воздушни напади во историјата на Блиски Исток.

– Пред само неколку моменти, Централната команда на САД спроведе еден од најмоќните бомбардирања во историјата на Блискиот Исток, целосно уништувајќи ги сите ВОЕНИ цели на островот Харг, бисерот на Иран, наведе Трамп.

Тој додаде дека одлучил да не ја напаѓа нафтената инфраструктура на островот.

– Одлучив да НЕ ја уништам нафтената инфраструктура на островот. Меѓутоа, ако Иран или некој друг направи нешто за да го спречи слободното и безбедно поминување на бродовите низ Ормускиот Теснец, веднаш ќе ја преиспитам таа одлука, посочи Трамп.

Иранската армија соопшти дека секој напад на нафтената и енергетската инфраструктура ќе доведе до напад на енергетската инфраструктура во сопственост на нафтените компании, кои соработуваат со САД во регионот.

На островот Харг, на околу 30 километри од брегот, се наоѓа најголемиот терминал за извоз на нафта во Иран, кој обезбедува околу 90% од извозот на сурова нафта во земјата. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот Заев на Вован и Лексус е Пахлави

Следно

Меџити: Зеленилото од кампусот Мајка Тереза ќе се зачува и ќе се пресели во новиот парк во Чаир

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop