Во Атина почнува Меѓународната конференција за мир и одржлив развој на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“

June 17, 2024
1 min read

 

Експремиерите на  Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, денеска и утре во Атина организираат Меѓународна конференција за мир и одржлив развој по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Потписниците на Преспанскиот договор, Никола Димитров и Никос Коѕиас, заедно со медијаторот и комесарот за проширување Јоханес Хан, попладнево ќе дискутираат за преговорите, за спроведувањето на договорот и за тоа дали Преспа е модел за мирно решавање на споровите.

За Договорот од Преспа вечерва ќе дискутираат и Заев и Ципрас. Во рамки на конференцијата ќе му биде доделена награда на Метју Нимиц – медијаторот во разговорите за името. Покрај Заев, на конференцијата ќе присуствуваат и поранешниот премиер и актуелен професор Владо Бучковски, ексминистерот за надворешни работи и поранешен вицепремиер Никола Димитров, како и поранешниот министер и актуелен пратеник од СДСМ, Венко Филипче.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: Праведен и одржлив мир не може да биде резултат на капитулација на Украина

Следно

Наполи со јасна порака: Квича не е на продажба!

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop