Во антитерористичка операција во Туркије уапсени 34 терористи на ДЕАШ, странски државјани

February 3, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили уапсија 34 припадници на терористичката организација ДЕАШ, странски државјани, меѓу кои и неколку барани со црвена потерница на Интерпол, соопшти денес турскиот министер за внатрешни работи, јавува Анадолу.

Осомничените се уапсени во антитерористичките операции „Кафез-35“, спроведени истовремено во турските области Истанбул, Коџаели, Јалова, Кајсери, Бурса, Дузџе и Јозгат, објави министерот Али Јерликаја на платформата Х.

Тие се товарат за учество во активности поврзани со терористичката организација ДЕАШ и други терористички организации поврзани со конфликтните зони, истакна Јерликаја.

Тој додаде дека за време на операциите е запленето неовластено огнено оружје, значителна количина девизи и дигитален материјал.

Операцијата уследи откако минатата недела двајца вооружени напаѓачи отворија оган врз верниците во црквата Санта Марија во истанбулскиот кварт Сариер, во кој загина 52-годишниот Тунџер Џихан.

За нападот одговорноста ја презеде терористичката организација ДЕАШ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За „невиденото“ уништување во Газа „ќе бидат потребни десетици милијарди долари и децении за да се врати назад“, вели ОН

Следно

Оштетени објекти во Русија и Украина во меѓусебни напади со беспилотни летала и ракети

Latest from Blog

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат
Go toTop