Во Анкара се одржа премиерата на документарниот филм „Докази“ за воените злосторства на Израел во Газа

April 18, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во турската престолнина Анкара се одржа премиерата на документарниот филм „Докази“, што го подготви Агенција Анадолу и кој јасно ги открива воените злосторства на Израел во Појасот Газа.

На премиерата на филмот присуствуваа голем број официјални претставници, меѓу кои и шефот на Канцеларијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун, и претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолу, Сердар Караѓоз.

Во обраќањето на присутните, Алтун истакна дека Туркије никогаш нема да молчи за масакрот и неправдата што Израел им ги прави на Палестинците.

„Во опкружување каде Израел неодговорно ги масакрира Палестинците, а и самата вистина, ние како Туркије нема да молчиме и јавно ќе зборуваме преку нашите медиуми. Ќе продолжиме да ја зборуваме вистината“, рече тој.

Алтун потсети дека во тој контекст прво е објавена книгата „Докази“, а потоа и документарниот филм.

Како што рече, „Докази“ е историски проект бидејќи токму со овој документарен филм е забележано секое злосторство, воено злосторство и чин на геноцид извршени од страна на Израел од 7 октомври.

Напомена дека претседателот на Меѓународниот суд на правдата, специјалниот известувач на Обединетите нации (ОН), вработените во меѓународните организации како што се „Амнести интернешнал“ и „Хјуман рајтс воч“ придонеле за овој документарен филм и споделиле важни информации за војната во Газа.

Алтун нагласи дека без разлика колку добро е направен документарниот филм, ќе треба многу време да се објаснат сите воени злосторства извршени од Израел и раните што тој ги нанесе на совеста на човештвото.

Тој истакна дека Израел се обидува да го уништи палестинскиот народ и да изврши геноцид пред очите на целиот свет.

„Документарниот филм ‘Докази’ токму со докази го прикажува овој геноцид, кој упорно се игнорира и се обидува да се прикрие. Верувам дека благодарение на овој документарен филм, целиот свет денес и утре ќе види како околу 34 илјади луѓе од кои 14 илјади деца, се убиени пред очите на светот“, рече Алтун.

Токму поради оваа причина, како што рече, израелската војска убива и новинари кои се обидуваат да му ја откријат вистината на светот.

На крајот, Алтун им честита на вработените и менаџерите на Агенција Анадолу, особено на оние кои дадоа придонес за книгата и документарниот филм „Докази“, како и на новинарите кои херојски ја извршуваат својата работа за вистината и правдата во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мишел: ЕУ ќе воведе санкции кон иранските производители на дронови и проектили

Следно

Симонова Штериева во СТУДИО 10: Политика е и граѓанскиот сектор – тој е и коректив и сервис на политиките

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop