Симонова Штериева во СТУДИО 10: Политика е и граѓанскиот сектор – тој е и коректив и сервис на политиките

April 18, 2024
1 min read

ХОПС е регистрирана официјално во 1999 година и денеска одбележува 25 години постоење. Организацијата се залага за општество еднакво за сите каде сите луѓе ќе можат да добијат социјална и здравствена заштита. Политиката не се само политичките партии, а граѓанскиот сектор исто е дел од политичкиот сектор кои придонесуваат за подобрување на општественото во целина, вели Хајде Симонова Штериева претседател на ХОПС во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Граѓанските организации треба да бидат партнери со власта за да се креираат соодветни политики за градење отворено општество во кое ќе бидат опфатени сите, вели Штериева.

Таа вели дека предлагаат и пишуваат закони и измени на закони. ХОПС има три програми што ги следи. Нивната грижа е да се обезбеди социјална и здравствена заштита на деца во ризик, луѓе што користат дроги и нивните семејства, како превенција за намалување на ризиците од појава на ХИВ.

 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во Анкара се одржа премиерата на документарниот филм „Докази“ за воените злосторства на Израел во Газа

Следно

Може и да не се случи втор мандат за Фон дер Лaјен

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop