Во Албанија во август запленет имот вреден 26,5 милиони евра и 6,2 милиони во готовина

September 7, 2025
1 min read

Во исто време со имотот, запленети се и  6,2 милиони евра во готово, од банкарски сметки на осомничени, како и непријавени средства главно при влез во Албанија.

„Во август спроведени се 90 полициски операции во кои беа  уапсени 664 лица, од кои 61 лице барано со потерница. При претреси  беа откриени и одземени 35 парчиња огнено оружје. Исто така, имаше судири со полициските службеници. Во една од рациите за расветлување на грабежи, осомничениот пукаше во полицијата, стои во полицискиот билтен.

Во рамки на акцијата за сузбивање на производство на марихуана откриени и уништени се 23.200 стебла марихуана.

„Случаите на пожари што изгореа над 50.000 хектари не беа изоставени од вниманието на полицијата. При тоа  76 лица се уапсени и обвинети за намерно или небрежно предизвикување пожар“, се наведува во полицискиот извештај.

Во областа на сообраќајот изречени се 112 илјади казни, пред се за возење под дејство на алкохол и дрога, непочитување на правото на првенство и дозволената брзина и управување возило под дејство на алкохол. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грузија ја декласира Бугарија!

Следно

Омерагиќ: Табелата за Светско првенство, никогаш не изгледала поубаво!

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop