Во Албанија разбиена криминална група за трговија со луѓе и фалсификување американски визи

February 8, 2024
1 min read

Албанската полиција, во Тирана разби криминална група за фалсификување американски визи и трговија со луѓе.

-Честитки до Државната полиција за успешната акција денес во соработка со партнерските агенции за спроведување на законот. Во првата фаза од операцијата „The Rogue Son“,е погодена криминална дејност од областа на американска визна измама и шверц со луѓе, приведени се петмина државјани, а по уште еден се трага. Се товарат за сторени кривични дела „измама“, „фалсификување визи, печати и обрасци“ и „помагање за илегално преминување на границите“, објави на Фејсбук, Таулант Бала, министер за внатрешни работи.

Акцијата била реализирана од Одделот за криминалистичка полиција на Албанија и јавното обвинителство на Тирана, во тесна соработка со американските безбедносни служби како и во присуство на Службата за дипломатска безбедност од Амбасадата на САД во Тирана.

– На уапсените им е одреден притвор со судско решение. Главниот осомничен Р.Н. наплатувал по 10.000 евра од различни лица, гарантирајќи дека ќе им набави американски визи за илегална имиграција во САД. Исто така, некои од осомничените користеле и доставувале лажни информации и формулари за да се квалификуваат за одредени категории американски визи. Истрагите продолжуваат за други физички и правни лица и други субјекти вклучени во овие шеми за измама, соопшти полицијата.

Реагираше американската амбасада, која поздравувајќи ја акцијата и одличната соработка со албанските институции, апелираше до граѓаните да аплицираат онлајн, а не преку туристички агенции и консултанти. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кичево-Охрид како автопат од мермер, за еден километар 9 милиони евра

Следно

ДЗР за автопатот Кичево–Охрид: Најголем инфраструктурен проект со децениска изградба, кој сè уште не е завршен

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop