Внимавајте каде паркирате во Солун, од денеска нема да поминете само со казна

August 7, 2025
1 min read

Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од денеска воведува блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили паркирани недозволено на местата наменети за постојани жители, на рампите за лица со попреченост и во деловите за товарење и истовар, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокаторите ги поставува општинската полиција, а од општина Солун соопштија дека мерката била неопходна „со цел да се стави крај на феноменот што е особено распространет во текот на туристичката сезона, со паркирање на стотици автомобили со странски регистарски таблички во центарот на градот“, а дополнително „присутна е појавата кога некои возачи ги вадат регистарските таблички за да не бидат казнети“.

– Возачите што ќе видат дека нивното возило е неподвижно мора да се јават во Дирекцијата на општинската полиција (+302313 317930) и да ја платат соодветната казна за да им биде ослободен нивниот автомобилот, соопштија од општината.

Заменик – градоначалникот задолжен за општинската полиција на Солун Костас Циапакидис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека откако општинската и сообраќајната полиција ги исцрпиле сите други средства во напорите за спроведување на Законот за безбедност на патиштата и спречување на непрописно паркирање, донеле одлука за имплементирање на конкретниот систем.

– Досега, во многу случаи, претежно странски прекршители ја кинеа казната и ја напуштаа земјата бидејќи прекршокот не се гледа никаде. Сега, со блокаторите ова не може да се случи бидејќи само општинската полиција може да ги отстрани, откако ќе се плати казната. Освен тоа имаше случаи кога автомобилите остануваа неправилно паркирани три, четири, па дури и 15 дена, коментира заменик-градоначалникот.

Дополнително додава дека конкретната мерка ќе се спроведува барем до крајот на септември.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промовиран нов модул за електронска евиденција на здравствените прегледи од медицина на трудот – исчекор кон целосна дигитализација на здравствените услуги

Следно

МБИ10 падна за 0,28 % – Македонјатурист оствари 9,6 млн денари промет

Latest from Blog

Со фалсификувани документи за „Мерцедес-Мајбах“, државниот буџет оштетен за 1,9 милиони денари

Луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што државниот буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари, откри Одделението

БИЗНИСМЕН СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО НА ДОНАТОРСКА ВЕЧЕРА ВО ВИЛАТА НА ТРАМП: Никола Андреевски на настан за кандидат за Конгресот на САД

Американскиот бизнисмен со македонско потекло Никола Андреевски од Чикаго присуствуваше на донаторски политички настан во познатата резиденција Мар-а-Лаго, која е во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп. Настанот бил организиран како поддршка

ЛШ – 1/8 финале: Сити и Челзи во (не)возможна мисија, Бодо/Глимт става печат на пласман во четвртфиналето!(ФОТО)

фото:facebook.com/mancity Вечерва се играат четири реванш натпревари од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. И повеќе од јасно е дека сите погледи ќе бидат свртени кон „Етихад“ каде Манчестер Сити го дочекува

Американски бизнисмен со македонско потекло Никола Андреевски на донаторска средба во вилата на Трамп за кандидат за Конгрес од Ајова

Американскиот бизнисмен со македонско потекло Никола Андреевски од Чикаго присуствуваше на донаторски настан за кандидатот за Конгрес од Ајова Џо Мичел, кој се одржа во Мар-а-Лаго, резиденцијата на претседателот на САД Доналд
Go toTop