Внимателно што се објавува на социјалните мрежи

August 4, 2025
1 min read

Континуирано се зголемува бројот на откриени случаи на синџири на педофилија, што го потврдува ширењето и сериозноста на овој проблем. Според податоците на Интерпол, на интернет во секој момент има околу 750.000 онлајн предатори, а бројни студии покажуваат дека граници не постојат и дека овој проблем е присутен во сите делови на светот.

Експертите предупредуваат дека прикачувањето слики од децата на социјалните мрежи е крајно опасно. Кога фотографијата е вирална вие не знаете кој се ќе дојде до неа и што ќе прави со истата вели Ирена Христовска НЛП тренер за млади и родители.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши апелира до јавноста за зголемување на свеста за почитување на правата на децата при објавување вести, слики, видеа и други материјали поврзани со деца.

Според препораките на, доколку се објавува каква и да е содржина со изјава на дете, препорачливо е ликот на детето да се замагли, да не се открива идентитетот, а во самиот пост да се каже која е целта за објавување на истото и притоа да се нагласи јасно дека постои согласност од детето и родителот или старателот дека се согласуваат истото да биде објавено. Но, воопшто пред да се објави што било за и од детето, мора самото дете да биде прашано дали може истото да се објави.

Во меѓувреме и фотографиите од летните одмори низ социјалните мрежи прават проблем односно многупати го подгреваат апетитот и на крадците. Најголем дел од кражбите се случуваат во лето, кога поголемиот дел од граѓаните заминуваат на летување па домовите се празни. Од МВР информираат дека само во месеците јуни јули се регистрирани 967 кражби на територијата на државата.

„На територијата на државата во периодот јуни-јули 2025 регистрирани се 967 кривични дела, од кои 689 се „тешка кражба“ и 278 „кражба“. Споредбено со истиот период од претходната година бројот на кражби и тешки кражби е намален за околу 20%.”- велат од МВР и апелираат кога заминуваат од својот дом граѓаните треба да бидат особено внимателни и да не оставаат впечаток дека не се дома, односно да не го објавуваат своето отсуство на социјалните мрежи. Своите вредни предмети треба да ги заштитат во банкарски сефови, да инсталираат алармни уреди и безбедносни камери.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силна нестабилност со дожд, ветер и град во поголемиот дел од земјава

Следно

Хамас ја условува помошта за Газа

Latest from Blog

ЛШ и ЛК: ЕТО Ѓер веќе ги чека Вардар или Рига, Ц. Звезда убедлива во С.Ирска, Динамо Загреб со реми кај Тун!

ФОТО:.facebook.com/etofcgyor/ Вечерва се одиграа неколку натпревари, први од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции. Познато е дека во случај Вардар да ја мине Рига, тогаш во третата квалификациска

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О’Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во

Орце Ѓорѓиевски со екипите на градските јавни претпријатија на град СКОПЈЕ се на терен, ќе работат цела ноќ по невремето (VIDEO)

По силното невреме што денеска го зафати Скопје со бурни налети на ветер, екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегоа на терен за отстранување на последиците, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце

Во израелски напад на семејна куќа во Газа загинаа родителите и нивните четири деца

Според лекарите, Фирас Ал-Масри, неговата сопруга Салсабил и нивните три ќерки и син се убиени во нападот врз куќата во населбата Сабра. Израелската војска потврди дека го извршила нападот, наведувајќи дека целта
Go toTop