Хамас ја условува помошта за Газа

August 4, 2025
1 min read

По објавување на видео со израелски заложник во влошена здравствена состојба, Хамас соопшти дека е подготвен да дозволи пристап на Меѓународниот комитет на Црвениот крст до заложниците во Газа.

Меѓутоа, организацијата поставува услови: целосен хуманитарен пристап за цивилното население во Газа и прекин на израелските извидувачки летови за време на дистрибуцијата на помошта. Изјавата беше објавена преку Телеграм од страна на портпарол на Бригадите Ал-Касам. 

Според властите во Тел Авив, Хамас има околу 20 израелски заложници киднапирани на 7 октомври 2023 година за време на музички фестивал… Според истите извори, заложниците се наоѓаат во крајно нехумани услови и без соодветна нега. 

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху го осуди Хамас и нагласи дека побарал итна интервенција за обезбедување храна и медицинска помош за заложниците. 

Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел 

„Ги чуваат во кафези, се хранат со нивната болка, чудовиштата на Хамас ги гнасат нивните раце со крв на невините заложници, ги изгладнуваат до смрт“ – Вели Нетанјаху  

Со остри реакции се огласија и светските лидери кои го осудија ваквиот третман врз израелските заложници и побараа итен пристап на храна и лекови… 

Снимките во Израелското општество предизвикаа сериозна дебата во Израел, а осуди пристигнуваат од јавни личности од општествениот и религиски живот. Познатиот израелски рабин Ронен Шаулов повика на целосно изгладнување на населението во Газа исто како што биле изгладнувани нивните браќа кои биле заробени од Хамас.

Ронен Шаулов, Рабин 

„Цела Газа и секое дете во Газа треба да умре од глад поради она што им го прават на заложниците сега. Немам милост кон оние што ќе пораснат за неколку години и ќе немаат милост кон нас.“ 

По објавувањето на снимките, Советот за безбедност на ОН ќе свика итен состанок додека пак, Дени Данон, амбасадорот на Израел во Обединетите нации состанокот го најави како итна мерка против крвопролевањето на неговиот народ. 

Инаку, снимките кои ги објави Хамас според израелските власти се објавни со цел да се направи политички притисок врз израелската држава, и ако многу светски релевантни извори трврдат дека врз населението на Газа се врши геноцит, а според палестинските власти  околу 900.000 деца моментално страдаат од глад, додека 70.000 деца покажуваат симптоми на тешка неухранетост.

Во исто време, речиси 1.000 деца се убиени обидувајќи се да дојдат до основни потреби, најчесто за време на израелските воени напади.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внимателно што се објавува на социјалните мрежи

Следно

ВИДЕО: Иво Санадер е условно ослободен

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop