ВМРО-ДПМНЕ се грижи и ги реализира ветувањата пред граѓаните, поставени се темелите на нова економска трансформација на државата се инвестира во секоја област, се реконструираат нови патни правци и инвестира во општините

November 10, 2024
1 min read

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард на граѓаните, раст на платите и пензиите, отварање на нови работни места, привлекување на странски инвестиции и инвестиции во општините, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија почнува да се трансформира, преку соодветни мерки најпрво се запре слободниот пад во економијата, економијата се стабилизира, а инфлацијата и трошоците за живот се намалија. ВМРО-ДПМНЕ ги постави темелите за нова економска трансформација на државата и инвестира во општините. ВМРО-ДПМНЕ се грижи и ги реализира ветувањата пред граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развојот на општините насекаде во државата, во моментот се реконструираат три патни правци во општина Велес, а со новиот повик којшто ќе биде објавен преку Министерството за локална самоуправа отприлика нови 6 до 6.5 милиони евра ќе бидат проектите коишто ќе бидат финансирани во Велес. Се инвестира и во хидросистемите во земјата а по речиси тригодишен застој се пушти во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. Само во првите 4 месеци има повеќе нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања. ВМРО- ДПМНЕ со своите мерки, постигна намалување на трошоците за храна и пијалоци за 5%, односно околу 1000 денари месечно, додека на годишно ниво тоа резултира со заштеда до 18000 денари за едно домаќинство, истовремено обезбедувајќи раст на платите и пензиите. ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите наставниците и професорите за 5 % уште во октомври годинава и секоја година ќе растат со тенденција за раст од минимум 46 % вкупно до 2028 година. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи и на проекти кои имаат стратешко значење за државата како коридорите 8 и 10 д, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има за цел Македонија да ја претвори во важна раскрсница во Европа и тоа енергетска, железничка и транспортна раскрсница, додаваат од владејачката партија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Променливо облачно и постудено време со сончеви периоди

Следно

13 деца меѓу 38 Палестинци убиени во најновите израелски напади во Северна Газа

Latest from Blog

Кривична пријава за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354,

Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ доставен до Основен кривичен суд Скопје

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ,

Во бомбашки напад врз владино возило во Северозападен Пакистан загинаа четири лица

ИСЛАМАБАД (АА) – Најмалку четири лица загинаа, а 11 се повредени откако врз владино возило е извршен бомбашки напад покрај патот во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва, изјави официјален претставник, јавува Анадолу. Службеното
Go toTop