ВМРО-ДПМНЕ: Неотворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, што го потврди САД со ставањето на црна листа

December 11, 2024
1 min read

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период го зборува почна на дело и да се покажува, судиите и обвинителите заортачени со СДС и ДУИ. Впрочем, тоа е така, затоа што тие судии и обвинители се поставени директно од челниците на СДС и ДУИ кои, место за правда во Македонија, одработуваат за спас на криминалците од СДС и ДУИ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и ДУИ со години во правосудниот систем си поставуваа судии и обвинители по нивна мерка, кои ќе работат во нивна корист, наместо за општото добро на државата и граѓаните. Поставените судии и обвинители ДУИ и СДС после тоа ги користеле за влијанија во истражни и обвинителни постапки, како и во судски одлуки. Тоа се покажа и потврди и со ставањето на Артан Груби на црната листа на Стејт департментот на САД. Една од причините поради кои Груби се најде на црната листа, е токму заради криминалното мешање во судството, кој земал мито за да влијае на судски одлуки. Криминалните дејствија успеа да ги види и за нив да обезбеди докази нашиот стратешки партнер САД, но тоа не можат да го видат нашите октроирани и од СДС и ДУИ поставени обвинители. Со секој изминат ден во кој нема истражна постапка за утврдување на криминалните дела сторени од Артан Груби, Јавното обвинителство го пробива секое дно и ја поткопува и така ниската доверба од граѓаните, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, неотворањето истражна постапка против Груби, само ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, што го потврди САД со ставањето на десната рака на Али Ахмети на нивната црна листа.

-Криминалните дејанија Артан Груби ги правел во период кога бил колега со Венко Филипче во истата влада на СДС и ДУИ и истите тие го узурпираа судството во државата. На цела македонска јавност сега им е јасно за повиците на ВМРО-ДПМНЕ до судството и обвинителството да почнат да си ја работат работата за кои се платени и да работат по закон. И исто така, македонските граѓани добро знаат дека на таквите повици кога реагираат СДС и ДУИ дека тоа било политички притисок, всушност се нивните изблици на страв од губење на контролата и доаѓање на период на одговорност за сторените криминали. Сите знаат дека драмолетката и циркусот со Уставен суд е, исто така, режија на ДУИ за политичка и медиумска видливост и дефокусирање на јавноста. Се што СДС и ДУИ прават и правеле во изминатиот период, е за да се спасат од одговорноста која им следи за сиот криминал направен изминатите години, и за тоа не бираат средства и ги користат дури и најсензитивните теми, како меѓуетничките односи. Одговорност за сторените криминали и корупција од страна на челниците на СДС и ДУИ мора да има, а за тоа е потребно само судиите и обвинителите да почнат да работата по закон, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уставен суд денеска расправа за Законот за јазици

Следно

Најмалку 25 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Газа

Latest from Blog

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти

Пресврт: Мбапе се откажал од тужба!

Oд заминувањето од Пари Сен Жермен актуелна беше „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и францускиот гигант. Прво започна со барањето на Мбапе да му се исплати сумата за лојалјност која ПСЖ сметаше дека

Палестинско момче ја загуби ногата во израелски напад додека се обидувало да донесе помош за своето семејство

СКОПЈЕ (АА) – Десетгодишниот Мухамед Омар Селим Муслих ја загуби својата нога како последица на израелски напад, кога со татко му се обидувале да стигнат до хуманитарната помош, јавува Анадолу. Тој бил
Go toTop