ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме повторно македонскиот идентитет да биде предмет на политички пазарења

March 5, 2025
1 min read

Бујар Османи и Зоран Заев, односно ДУИ и СДСМ, направија сè што можеше за да го разнебитат македонскиот идентитет, да ја распродадат државата и да ги прифатат сите уцени што ни беа поставени однадвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие срамни ликови и ентитети не само што се согласија македонскиот јазик да биде ставен под прашање во рамките на преговарачкиот процес, туку и ја прифатија срамната бугарска диктатура врз македонската историја, култура и образование. Бујар Османи, кој денес се обидува да зборува за македонскиот јазик, е истиот човек кој како министер за надворешни работи го потпиша почетокот на уцените, подготвувајќи терен за национално понижување. Заев и Османи беа тие што ја прифатија преговарачката рамка која ја загрози македонската самобитност, ставајќи ја во рацете на други држави, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: Народот не заборава – токму тие ја отворија вратата за сите уцени и за сите условувања што следеа.

-Додека ВМРО-ДПМНЕ се бори за Македонија како самостојна и суверена држава, СДСМ и ДУИ се бореа како да ги задоволат туѓите интереси на штета на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повторно македонскиот идентитет да биде предмет на политички пазарења. Оваа Влада ќе ја исправи државата на патот на вистинските европски вредности, со зачувување на нашиот јазик, култура и национален идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Хаос во Атина: Маскирани лица нападнаа полицајци, тие одговорија со шок бомби и солзавец

Следно

Делови од Аеродром, Сарај, Ѓорче и Центар утре ќе останат без струја

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop