ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

August 27, 2025
1 min read

Реалната просечна плата порасна двојно повеќе споредено со времето кога СДСM беше на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на објавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за пад на животниот стандард. Од владејачката партија посочуваат дека статитстиката потврдува оти порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 6,7 отсто, за разлика, од како што велат, 3,5 отсто во времето на СДСМ. Тоа, според ВМРО-ДПМНЕ значи дека стандардот на граѓаните сега е поголем од времето кога СДСМ беше власт.

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега, откако беше на јахтата на Заев и тоа малку што го имал го нема. Народот денес е побогат од времето на СДС. Единствена разлика е што нема милиони за него и Заев од државниот буџет. Бројките се секогаш тврдоглави, а тие го говорат следното: растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10.3%, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога просечната плата порасна за 8.3%“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на инфлацијата, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и таму бројките се лоши за СДСМ.

„Имено во време на СДС инфлацијата во просек изнесувала 4.8%, за разлика од сега, кога во просек е 3.6%. СДС и Филипче може да лажат колку сакаат, но едно не можат да сменат, а тоа е реалноста“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно Филипче обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги оставаат граѓаните во сиромаштија, дека инфлацијата руши рекорди, платите стагнираат, а животниот стандард опаѓа. Тој, меѓу другото, нагласи и дека сегашната власт го прекинала системот на континуирано зголемување на платите што го воведе СДСМ, оставајќи ги граѓаните, како што рече, на работ на преживување.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Џастин Бибер објави разголена фотографија, сите ја забележаа реакцијата на неговата сопруга Хејли

Следно

Соработничката на Додик која е под санкции на САД бара Трамп да биде номиниран за Нобелова награда

Latest from Blog

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Честитки за Босна и пласманот во елиминациите, Бразил дефинитивно е еден од фаворитите

Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат

Моменти на ужасот во Венецуела: Бројот на жртви нагло се зголеми- УСГС предвидува 10.000 загинати (ВИДЕО)

Засега во земјотресите загинале 164 лица, додека Геолошкиот институт на САД, УСГС,  предвидува дека црниот биланс би можел да достигне до 10.000. Así se vio el Terremoto en caracas VENEZUELA, La pastora se

Муцунски – Гоунтанис: потврдена заедничката посветеност за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис. Во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со

Тони не бара чудо, бара шанса: Потребна е итна поддршка за операција на мозок закажана за 29-ти овој месец

Тони Ташев од Велес, роден 1975 година, се соочува со сериозна здравствена состојба и има потреба од итна оперативна интервенција. Од 2018 година тој води борба со Oligodendroglioma frontoparietalis, тумор на мозок, поради
Go toTop