ВМРО-ДПМНЕ: МВР ќе плаќа 1/3 поскапа храна од лани, добитник на тендерот е фирма чиј сопственик е близок до Спасовски

January 25, 2023
1 min read

МВР ќе плаќа 1/3 поскапа храна од лани, добитник на тендерот е фирма чиј сопственик е близок до Спасовски. 3.3 милиони евра потрошила МВР лани за набавка на храна, а до 4.5 милиони евра може годинава да бидат потрошени според Рамковната спогодба помеѓу МВР на Спасовски и Индустри сервис, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо подобра услуга, полицајцитр добиваат и поскапа храна, но и храна во конзерви. Наместо вистински гулаш или грав на полицајците, Индустри сервис ќе им сервира гулаш и грав од конзерви. Индустри сервис не е производител на храната која ја понудил, туку прерподавач. Оштетени се полицајците и сите вработени кои јадат во кујните во Центарот за обука во Идризово и Полицискиот центар во Ѓорче Петров. Во самата постапка за јавна набавка се добива впечаток на фаворизирање на Индустри сервис. Понудена е храна која ја нема пазарот, избраната понуда има ј неправилно пополнета техничка спецификација, велат од партијата/

„Се отвора сомнеж дека МВР на Спасовски ја фаворизирало Индустри сервис, а на целиот процес уште поголема дамка фрла фактот што Оливер Спасовски бил на поставувањето камен темелник на фабриката на истата компанија.

Дали блискоста на Спасовски си сопственикот на Индустри сервис е причината поради која МВР ќе плаќа 1/3 повеќе за храна од лани? Институциите да не чекаат и да реагираат“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Комитет за заштита на новинарите: Во 2022 година убиени 67 медиумски работници

Следно

РОТЕРДАМ ОТВОРА СО „МУНК“, СЕ ВРАЌА В КИНО ПО ДВЕ КОВИД ГОДИНИ

Latest from Blog

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop