ВМРО-ДПМНЕ може да ја напушти ДИК?! – Доколку албанската опозиција не добие член

1 min read

реклама


Доколку албанската опозиција не добие член во Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ ќе размисли да ги повлече своите претставници од оваа комисија, предупреди лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски, кој рече дека отсега „се гледа дека некој се обидувајќи да имаме незаконски и нелегитимен изборен процес“.

Албанската опозиција, ЕСП, очекуваше прашањето за членовите на ДИК да биде спомнато во годишниот говор на претседателот, но тоа не се случи, затоа Фадил Зендели од оваа коалиција рече дека ако на избори влеземе без комплетирана ДИК – , место кое, како што рече, и припаѓа на албанската опозиција, тогаш пораката е многу јасна.

реклама

Празно е едно место во ДИК затоа што Алијансата за Албанците влезе во Владата, а нејзиниот член Кренар Лога стана министер. Тој денеска во име на партијата повтори дека не се откажуваат од членот во Државната изборна комисија.

реклама

Претходно

Шпанија ги негира тврдењата на САД дека ќе помогне во патролирањето низ Црвеното Море

Следно

Meџити шири лажни вести оти инцирал најголема набавка на возила за итна медицинска помош

Latest from Blog