ВМРО-ДПМНЕ: Меѓународната World Justice Project објавува дека корупцијата со оваа власт е двојно поголема во споредба со 2015, а владеењето на правото е многу влошено

February 20, 2023
1 min read

Македонија тоне во криминал и корупција. На Македонија и се случува распад на правниот систем. Власта краде, а народот осиромашува. Тоа не го гледаат само граѓаните, тоа веќе го гледаат и го бележат и реномирани светски институции, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓународната организација World Justice Project (WJP) во својот извештај за објавува индексот на владеење на правото за 2022 година ја рангира Македонија на 63 место. Во споредба со минатата година во 2015 година државата била на 44 место. Тоа се 19 места полош пласман.

Исто така оваа меѓународна организација прави квантитативна анализа на корупцијата. Македонија согласно нивните мерења во 2015 година била на 38 место, а во 2022 година е на 73 место, што е речиси двојно полоша состојба.

Сето ова е резултат на епидемиска корупција која владее и целосната и на која и кумува владата на СДС и ДУИ. Индикаторите покажуваат дека власта ги поклопила целосно правосудните органи и нема никаква борба против организираниот криминал. Затоа гледаме наместени тендери, матни зделки, зголемување на богатството на функционерите кои отвораат нови фирми, градат нови хациенди и го цицаат буџетот. Затоа, од друга страна нема пари за земјоделците, за младите, за пензионерите, за образованието, спортот, културата.

Оваа криминална власт на СДС и ДУИ мора да замине час поскоро за да може Македонија да тргне напред, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Северна Кореја истрела две балистички ракети

Следно

Атина планира да одвои 100 милиони евра за ограда на границата со Турција

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop