Tоа што Ковачевски не се откажува од техничката влада значи дека ДУИ му забрани да се откаже од идејата оваа техничка влада да има премиер од криминализираната ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ, откаде велат дека ова е само потврда на фактот дека и со оваа влада управува ДУИ со подизведувач СДС.

„Колата за која збори Таче му зариба, зошто наместо горивото изразено во милиони евра во тендери, наместо во народниот резервоар течеше во приватните џебови на власта. Корупцијата на власта е нотирана во сите извештаи на меѓународните институции. Ковачевски денес кога зборуваше за локалната самоуправа барем признава дека општините се блокирани и кочени од централната власт, но и при таква состојба бројот на проектите за народот се огромни и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се без ниту една афера зад себе. Наредната изјава барем Ковачевски да трепне два пати како сигнал дека не е киднапиран од ДУИ“, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.