ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДС во паника прво удрија по медиумите, а сега вршат притисок на своите сопартијци кои им се противат на погубните политики

January 20, 2023
1 min read

СДС и Ковачевски се во паника. Го губат тлото под нозете и затоа стануваат нервозни. Пред неколку дена ги нападнаа медиумите, квалификуваа новинари и телевизии, а сега веќе почнале и со притисоци врз нивните членови кои не се согласуваат со политиките на раководството предводено од Ковачевски. Очајот во СДС го извади на виделина автократското лице на Ковачевски, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно дека СДС и Ковачевски сфатија дека ја изгубиле поддршката на мнозинството граѓани, но сега гледаат дека немаат поддршка ниту од членството ниту од одредени пратеници на мнозинството. Се тоа е резултат на погубните политики кои ги водат, криминалот, корупцијата и подредената позиција во власта. Затоа заедно со ДУИ посегаат по недемократски методи да ги дисциплинираат оние нивни членови кои не мислат како нив. Посегаат по притисоци кои ги прават групи од подземјето и кои стануваат се поголеми и поголеми.

Но веќе се помалку има што и се плашат на оваа власт на Ковачевски. Не може Ковачевски со својата автократија да ги држи сите во заложништво заради кариера и фотелја. Доаѓа времето на промена на власта и одговорност, стои во соопштението на партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Владата во Киев предложи закон за укинување на Украинската православна црква

Следно

Видео: Акција за чистење и уредување на зеленилото во Сарај

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop