ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го исквернави 11 Октомври, наместо државната, владата ја пушти партиската химна

October 12, 2023
1 min read

реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека премиерот Димитар Ковачевски го исквернавил 11 Октомври, односно наместо државната, владата ја пуштила партиската химна, а дури 24 часа од настанот нема извинување.

„Најмалку што требаше да направи Ковачевски е да се извини и да има одговорност за настанот. Со самиот факт што нема извинување станува јасно дека власта всушност намерно ја пуштила партиската химна на СДС на државен настан.

реклама

Претходно во текот на најавите за настанот на банерите пуштени од владата целосно беше изоставена Македонија. Оттука се поставува прашањето дали всушност намерно е пуштена партиската химна на СДС на државен настан?

Од што се срами Ковачевски? Што е целта на сквернавењето?

реклама

Очекуваме итно извинување од власта и одговорност. Партиски може да прават што сакаат, но со државни пари и како влада мора да ги почитуваат симболите на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин пристигна во Киргистан на своето прво патување во странство оваа година

Следно

Израелската Армија тврди дека примиле разузнавачки сигнали ноќта пред нападите на Хамас

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop