ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е опериран од срам, секогаш кога се случува скандал дава изјави како аналитичар, а не како премиер

September 3, 2023
1 min read

реклама



ВМРО-ДПМНЕ со реакција на изјавата на Димитар Ковачевски околу полициската акција на клиниката за онкологија.

„Ковачевски е опериран од срам. Секогаш кога се случува трагедија или се појавува скандал тој излегува во јавноста со изјава од „јас не сум од тука“,  „вознемирен и изненаден сум“, како да се работи за аналитичар, а не премиер на државата.

реклама

Неговата коалиција е 7 години на власт, а самиот тој две години е премиер. Во овој период се случија трагедии во кои настрадаа 75 граѓани, период во кој физиолошки раствор се давал наместо терапија и нема никаква одговорност. Сето ова е сведоштво на пациенти и граѓани кои поминале низ хорор и ги загубиле своите најблиски.

Наместо да релативизира и да расфрла пердуви, треба да прифати одгвоорност, затоа што тоа кое што се случувало во клиниката за Онкологија во голем дел се случувало во негово време, во време кога негови министри раководеле со секторот , и во време кога биле именувани во институцијата  директори кои се резултат на неговиот коалициски пазар.

реклама

Европа и европски вредности се апстрактни именки за Ковачевски. Оваа власт да беше Европа, како што не се,  денес ќе беа депонирани оставки, вклучително и неговата.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Нашите граѓани не сакаат да одат во Казахстан или Узбекистан, туку во ЕУ

Следно

Ковачевски за Онкологија: Ваквиот тип на криминал е мултипартиски и мултиетнички

Latest from Blog

Меџити: Улицата „Јосиф Михајловиќ“ во Чаир доби целосно нов лик по темелна реконструкција

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека успешно е реализирана целосната реконструкција на улицата „Јосиф Михајловиќ“ во населбата Дуќанџик, со што значително се подобруваат условите за живот на жителите. Проектот започнал

Проф. Дарко Данев кандидат за ректор на УКИМ со визија за модерен и отворен универзитет

Професорот Дарко Данев од Машинскиот факултет во Скопје влегува во трката за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставувајќи се како кандидат кој целиот свој академски и професионален развој го изградил

Коњановски: Битола добива модернизирана зоолошка градина

Зоолошката градина во Битола добива нов развоен импулс, со најавени проекти за подобрување на условите за животните и збогатување на животинскиот фонд, што треба дополнително да ја зголеми нејзината атрактивност, особено во
Go toTop