Ковачевски за Онкологија: Ваквиот тип на криминал е мултипартиски и мултиетнички

September 3, 2023
2 mins read

Заврши играчката што се правеше со здравствениот систем, рече премиерот најавувајќи дека за лековите ќе се воведува „трак енд трејс“ систем („следење и трагање“) за кој во минатото имало идеја, но наишло на голем отпор

Криминалот за кој се пишува во медиумите, а поврзан со крадење лекови за пациенти болни од рак на Клиниката за онкологија и нивна препродажба на црниот пазар, премиерот Димитар Ковачевски вели дека е мултипартиски и мултиетнички и затоа порача дека никој нема да биде заштитен, а надлежните ја имаат целосната поддршка за да го истражат.

„Гледам по медиумите, посебно социјалните медиуми, дека се сака да се креира слика за вмешаност само на одредени лица зависно од нивната припадност. Она што можам да го кажам дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен и затоа повикувам и МВР и обвинителството непречено да ја извршуваат својата работа, да ги идентификуваат можните сторители врз основа на докази и за тоа ја имаат нашата целосна поддршка од почетокот на акцијата“,

изјави денеска Ковачевски.

Премиерот го повтори и ставот кој претходно СДСМ преку соопштение го изнесе во јавноста, а тоа е дека за вакви злоупотреби се зборува 20 години, но сега е првпат надлежните да спроведат акција за да расчистат со него. Затоа, тој повика да не се прави сензационализам.

„Би сакал да повикам да не се прави сензационализам и напад на сите доктори и медицински сестри во државата бидејќи најголемиот број од медицинскиот персонал кој работи во нашата држава се извонредни луѓе и кадри кои се грижат за здравјето на нашето население. Секој криминал има свое име и презиме, има одговорност и задачата на МВР и обвинителството е да обезбедат докази врз основа на кои ќе бидат идентификувани сторителите, а од страна на претседателот на Владата и од Владата нема да има какви било интервенции во однос на заштита на кого било бидејќи се работи за навистина грозни наводи“,

рече Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот најави дека за лековите ќе се воведува систем „трак енд трејс“ (Truck&Trace), односно „следење и трагање“, а кој овозможува да се следат стоките од нивниот увоз, па сѐ до крајниот потрошувач.

„30 години во оваа држава никој не зборува за ’трак енд трејс‘ систем, ние немаме таков систем ниту за акцизна стока, ниту за нафтени деривати, ниту за алкохол, ниту за цигари, ниту за лекови. Затоа на следната седница на Владата, Министерството за економија и другите ресори ќе бидат задолжени за акцизната стока да се воведува ’трак енд трејс‘ систем заедно со Царинската управа – да се знае што точно се увезува, со каков квалитет и каде завршува. Второ, имаше идеја и за воведување ’трак енд трејс‘ систем за лековите и имаше отпор. Е нема веќе отпор. Ќе се воведе ’трак енд трејс‘ систем и за лековите, ќе се знае како е увезен лекот, кој го увезол, каде се движи и каде завршува. Заврши играчката што се правеше со здравствениот систем“,

посочи Ковачевски.

Инаку, почнување постапка за воспоставување „трак енд трејс“ систем Владата на Ковачевски најави пред повеќе од шест месеци кога на седница беше усвоена информација за воведување на системот за следење на тутунските производи и на нафтата и нафтените деривати.

*Други поврзани вести:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е опериран од срам, секогаш кога се случува скандал дава изјави како аналитичар, а не како премиер

Следно

Франција има намера да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба

Latest from Blog

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински

Туфегџиќ во Аргумент плус: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања, Александар. „По моја проценка
Go toTop