ВМРО-ДПМНЕ – Костадиновска-Стојчевска: Взаемни обвинувања

August 25, 2024
1 min read

Куфери од „Самсонајт“, ракавици, маички и чанта од тематскиот парк „Хари Потер“, плишани мечиња, фудбалска топка, чорапи и хулахопки. Над 700 фунти потрошила екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска на овие работи, од службената картичка за време на службено патување во Лондон лани, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од партијата тврдат дека поранешната министерка се расфрлала со народните пари, за лични задоволства и најавија серија на прес конференции во кои како што велат – ќе обелоденат како се трошеле парите на граѓаните. 

„Бисера Антоанета потрошила 714 фунти, исклучиво за лични потреби, во Продавницата Gift Galore London потрошени се 89 фунти и купени се фудбалска топка – city football и плишено мече – Paddington bear и двете платени од службената картичка ВИЗА.Шопинг манијата на Бисера Антоанета не запрела тука, туку продолжила и во познатата продавница за куфери Samsonite, каде министерката со средства од Буџетот решила да се поднови со два куфара еден голем Upscape spiner 68/25 Black во износ од 219 фунти од службената картичка и еден помал од истата линија во износ од 59 фунти платен во кеш од службените парични средства.“ – изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешната министерка пак ги отфрла обвинувањата и вели дека се работи за груба манипулација и низок удар од власта. Тврди дека не купувала од службената картичка, за што имала извод од личните сметки и ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека се обидуваат да ја дефокусираат јавноста.  

„Се работи за една многу голема лага, се работи за кујната на ВМРО-ДПМНЕ, се разбира и за она што се случува во нивната бела палата, но морам да кажам дека имав дојава уште пред неколку дена дека подготвуваат вакво нешто и дека народски кажано од петни жили се обидуваат да скројат некакво сценарио за мое оцрнување, за како што го нарече колегата пратеник аздисување и токму затоа јас пред неколку дена извадив извод од моите две лични сметки односно од дебитната и кредитната картичка каде што може да се види со која картичка се направени плаќања за кои што тие обвинуваат. За оние трошоци за кои и самиот пратеник кажа дека нешто имаат, нешто немаат, немаат значи документација, не знам каде ги нашле тие продавници, но можат слободно да се јават кај вршителот на должност кој беше во период кога јас бев на тоа службено патување во Лондон и да прашаат за агендата која ја имавме и дали имав јас слободно време да шетам по продавници и да правам шопинг.“ – одговори Костадиновска Стојчевска.

Стојчевска беше министерка за култура од СДСМ во периодот од 2022-2024 година. Ова не е прв пат партиите кога ќе дојдат на власт да обелоденуваат и обвинуваат како ненаменски се трошеле народни пари, за скапи ручеци, подароци и предмети за лични потреби од страна на функционери.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПМФЛ: Шкупи го совлада Вардар, Работнички подобар од шампионот

Следно

Недела на дизајн Скопје објави повик за дизајн решенија за сѐ повразано со велосипед

Latest from Blog

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на
Go toTop