Недела на дизајн Скопје објави повик за дизајн решенија за сѐ повразано со велосипед

August 25, 2024
1 min read

“Неделата на дизајн во Скопје” ги започна активностите со тоа што го објави првиот повик за дизајн, тематски насочен кон безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и сите пропратни елементи поврзани со унапредување на истото.

Велосипедот спаѓа во едно од најупотребуваните превозни средства во градовите низ Европа и Азија, додека кај нас сè уште возењето велосипед важи за недоволно безбедно урбано превозно средство. Поради тоа, иако е во подем и добива институционална поддршка, употребата на велосипедот за транспорт во Скопје и другите поголеми градови во Македонија се уште не е на завидно ниво.

Овој повик има за цел да биде гласен апел за подобрување на условите за користење на велосипед во урбана средина, почнувајќи од соодветна инфраструктура, подобрување на т.н. вело-култура и воопшто поголем степен на култура во сообраќајот. Затоа овој повик покрај дизајн на аксесоари за велосипед како педали, рачки на велосипед, ѕвончиња, дизајн на велосипед, отвара простор и за предлог дизајн решенија за паркинг на велосипед, транспорт на велосипед, комбинација јавен трансорт + велосипед, но и низа алатки за подобрување на безбедноста како стикери, амблеми, шлемови итн.

Рокот на повикот за дизајн решенија е до 14. септември, а потоа селектираните идеи ќе добијат своја реализација и ќе бидат изведени до почетокот на фестивалот. Истите ќе бидат презентирани и пред општините на град Скопје со цел нивно евентуално идно имплементирање.

Повикот е објавен на веб странатa  на  Skopje Design Week, како и на сите негови профили на социјалните мрежи.

Линк до повикот: https://bit.ly/cycling-and-recycling

Партнер на отворениот повик е Стопанска Банка.

“Неделата на дизајн” во Скопје е фестивал кој со години го третира индустриски и продукт дизајн, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Јавна соба, Мала станица, и во книжарницата Литература во Дајмонд Мол. “ Skopje Design Week” е дел од европската мрежа на манифестации  на дизајн фестивали меѓу кои: “Миксер” од Белград, “What Design Can Do” од Амстердам, “Барселона дизајн вик” и Австрија “Дизајн”. Сите платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади дизајнери под мотото Next Gen Design.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ – Костадиновска-Стојчевска: Взаемни обвинувања

Следно

Томислав Османли: Наместо да труеме со порази, да се облагородиме со успесите на уметноста и со триумфите на културата

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да
Go toTop