ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да излезе и да каже дали СДС смени курс и стана антиамериканска партија

February 22, 2025
1 min read

Апологетите на СДС и Венко Филипче пуштени на најјако. Во отсуство на идеи и немање на јасни политики за дејствување, СДС преку нивните т.н. експерти и новинари шират невидена хистерија, критики и навреди, велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

И не само што критикуваат се што во државата прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сега се впуштија и во критикување и навредување на нашиот стратешки партнер САД.

Еден од истурените мегафони на СДС, многу близок и човек кој важи за советник Венко Филипче, Сашо Орданоски јавно во гостување на национална телевизија со најбрутални критики и навреди го нападна американскиот претседател, Доналд Трамп.

Во истоименото интервју, Ордановски си зема за право не само да ги критикува политиките на актуелниот американски претседател, туку и со погрдни зборови да го навредува.

Тој, претседателот Трамп го нарече лажго, рекетар и необразован човек, додека луѓето од неговиот најтесен круг на соработници ги нарече расисти и неонацисти.

Орданоски е човек кој од уста не ги вадеше американските демократски вредности, сега наеднаш сврти курс и од устата почна да сее само омраза за таа демократија.

Затоа прашуваме, дали Венко Филипче преку неговиот гласноговорник, Сашо Орданоски ја нарече американската политика неонацистичка?

Дали Венко Филипче се крие позади мегафонот на СДС, Сашо Орданоски кој го пушта по национални телевизии за да го напаѓа претседателот Трамп?

Дали со ова последна постапка СДС и Венко Филипче ја официјализираа коалицијата со Левица и тргнаа по нивен памет, па сменија курс и станаа антизападна и антиамериканска партија?

Ова покажува дека СДС и Венко Филипче се во многу очајна ситуација.

Повикуваме, Филипче да излезе јавно и лично да каже дали стои позади тоа што го кажа Орданоски или ако не стои и не го поддржува кажаното од Орданоски, да се извини и да се откаже од него.

Се друго ќе се смета како прифаќање и поддржување на кажаното од неговиот апологет, затоа што од Орданоски и неговите изјави се оградија и телевизијата во која гостуваше, а истите ги осудија и бројни новинари и новинарски здруженија, стои во соопштението на партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер

Следно

Се крчка ли името на новиот јавен обвинител?

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop